Супер-автопатот би бил долг вкупно 20.777 километри, од кои низ Русија ќе минуваат 10.000 километри, со што тој ќе стане најдолгиот автопат во светот. Моментално рекордот го држи Автопат 1 во Австралија со должина од 14.500 километри.
Предложена во пролетта 2015 од тогашниот руски министер за железници, Владимир Јакуњин, пред Руската академија на науки, интерконтиненталниот автопат би требало да спојува три континенти: Европа, Азија и Северна Америка.
Руската федерација и САД би се споиле преку Беринговиот теснец, до каде ќе се стигне преку регионот Чукотка. Кога автопатот се префрла на американско копно, таму минува преку Аљаска, па тера до Њујорк. Една од поголемите дилеми е како ќе се прејде преку океанот што ја дели Азија од Северна Америка, а опциите се мост преку Беринговиот теснец, тунел под него или траект.
На руска територија автопатот би требало да биде изграден паралелно со Транссибирскта железница, а во ТЕРП (транс-евроазиски развоен појас) по оваа должина се предвидува и изградба на нова железничка пруга, нафтовод и гасовод.
Во Аљаска патот влегува кај градот Номе, еден од инфраструктурно најизолираните градови во САД, кој е комплетно отсечен од патната мрежа на земјата. Должината на патот од Лондон до Номе е 12.978 километри.
Планот е за автопатот да се надоврзе колку може повеќе на постојната инфраструктура.
Со просечна брзина од 130 км/ч. автопатот би бил извозен за околу една недела, односно 159 часа без застанување, намалување брзина или што било. Ако сакате уште една математика, видете колку бензин би потрошиле за минување на 20.777 километри, ако колата ви троши (на пример) 7 литри на 100 км (ако е точна нашата пресметка - 1.454 литри).