Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мицкоски: Ако ги направиме уставните измени, ќе ни пишат петка и после пак ќе добиеме вето

6 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Ако ги направиме уставните измени, ќе бидеме најдобри. Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми“, со доза на иронија, премиерот Христијан Мицкоски го коментираше делот од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година во кој се вели дека Македонија не направила обид за усвојување на уставните измени.

  • Премиерот не се согласува и со оценките дека други земји од регионот се пред Македонија на патот кон ЕУ. Тој тврди дека земјава е многу понапред од Албанија во осум области.

  • „Кога ќе се анализира состојбата и подготвеноста на државите, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, на второ место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово. Но, треба да работиме и ќе работиме. Јас апсолутно сум фокусиран на реформите, оваа влада е реформска и ме охрабруваат пораките за реформите во делот на економијата, борбата против перењето пари, воведувањето заеднички платежен систем, царина, роаминг фри. Тоа ќе биде имплементирано така што има многу работи кои треба да се пофалат и тоа ме охрабрува,“ рече Мицкоски.

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Почина цајканот од сељаците

Музика
3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
5

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
6

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
7

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
8

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

3

Важна информација за битолчани

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

8

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сараевски цареви

Боросани

Хармониката станува кул

Советизација на американскиот печат

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy