Таг: автопат

ЈП Улици, дупки и патишта

Следен пат кога ќе ја пцуете пластичната сигнализација на сред автопат нека ви текне на видеово од Русија.

Норвешкиот автопат од 40 милијарди евра

Автопатот не е позлатен ама е долг 1.000 километри, и не сите илјада се по земја, некои се на 300 метри под вода, други се столбови сред норвешко море, трети се на мост што плута, а ги има и низ планини. Целта е сегашните 21 час потребни да се стигне од еден до друг крај на Е39 автопатот, да се намалат на половина.

Показна вежба: како да изградиш 70-метарски тунел за еден викенд

Викенд проектот опфаќа корнење на асфалтот на 6 ленти, корнење ограда, копање дупка, да го „извозиш“ тунелот на место, да ја покриеш дупката, да тампонираш, да го вратиш автопатот во почетна позиција и пред понеделник да биде во возна состојба. Три-четири сега.

Интерконтинентален автопат Лондон-Москва-Њујорк

Она што за минатите генерации беше Панамскиот канал, Суецкиот канал, Транссибирскта железница, за оваа генерација треба да биде спектакуларниот инфраструктурен проект кој со автопат ќе ја спојува Москва со Лондон на запад, и Њујорк на исток.

Словенија ги продава патиштата

Давањето на државните автопатишта под концесија е првиот сериозен чекор на словенечката Влада за да се избегне банкротот кој го најави самиот премиер. Јанез Јанша одамна сака да се реши и од државниот Телеком но загубите би биле огромни.