Словенечката Влада ќе ги понуди автопатиштата во земјата под концесија и веќе е решено да се бира консултант кој ќе го води тој процес.
Монетизацијата на патната мрежа е една од интервентите потези со кои тамошната влада ќе се обиде да ја ревитализира државата и да го избегне банкротот кој го најави премиерот Јанез Јанша.
Уште лани министерот за транспорт ја најави можноста од давање на патиштата под концесија затоа што состојбата во државното претпријатие задолжено за нивно одржување станало неподносливо а системот на вињети се покажал како неефикасен.
Мрежата која ги поврзува Копар, Марибор, Брегана и Караванките, Словенците ги чинеше речиси 7 милијарди долари, 4 пати повеќе отколку што беше планирано.
Јанша одамна најави дека и државниот Телеком треба да биде продаден но кондицијата на компанијата и состојбите во поширокиот телекомуникациски пазар се такви што доколку Телеком се продаде сега, би се земале двојно помалку пари отколку да беше продаден во минатиот мандат а даночните обврзници би морале да се помират со кусок меѓу 400 и 600 милиони евра.