Актуелниот светски шампион Франција има толку квалитетни играчи на располагање, што во секој момент селекторот Дидие Дешам може да извади различен состав на терен и да не се осети разлика во квалитет.
Од друга страна, Хрватска прави смена на генерација, некои нови клинци ќе се обидат да ги одменат славните ветерани.
На дуелот на „Стад де Франс“ во Париз синоќа имаше неколку совпаѓања како со финалето на Светското 2018 година во Москва:
- Мечот заврши 4:2, исто како и мечот за злато на Мундијалот 2018
- Хрватите си дадоа автогол во првиот дел и во финалето и синоќа
- Првиот гол за Французите и во финалето и синоќа во Париз го даде Антоан Гризман
- После првиот дел Триколорите водеа со 2:1 на „Лужники“ во Москва во 2018 и синоќа
- Во второ полувреме Французите дадоа гол во 65' минута и на Светското и синоќа
- Канте доби жолт картон и тогаш и сега а беше заменет во вториот дел и во финалето и синоќа во Париз
- Вториот дел го добија Французите со 2-1 исто како и финалето