Во осминафиналето на Светското првенство во Русија 2018-та, Јапонија со две „камикази“ за само 4 минути (Харагучи 48', Инуи 52') ја олади Белгија и почна да им ги пакува куферите. Ама Белгијците не за џабе беа фаворит број 1 за финале, па се вратија за 5 минути (Фертонген 69' и Фелаини 74'). За да во последни секунди светне една луда контра која ја круниса Шадли.