Одиме по ред со секоја група.
Русија: „Важат за најслабо рангирана репрезентација на Светското за која во одбраната игра 38-годишен фудбалер. По преминот во формација со четворица во одбрана станаа уште полоши. Домаќини се, ќе имаат голема поддршка, ама како играат - ќе мора да се намачат да пројдат група“.
Уругвај: „Најважен играч на оваа репрезентација е Кавани, не Суарез. Единсон се враќа и во средниот ред да помогне па нивната игра многу ќе зависи од неговата форма“.
Египет: „Без солидни напаѓачи никаков Салах нема да им помогне. Штета што Мидо се пензионираше. Мада видовте како легендарниот шпиц на Ајакс го тролаше селекторот на Твитер“.
Mr Cuper I know you are desperate for a striker who can hold up the ball for you on the counter attack!! I scored a goal every two games for Egypt so you can guarantee a goal from me at the Worldcup out of the three games in our group!! 😂😂😂 pic.twitter.com/rtIKMfSFQv
— Mido (@midoahm) May 30, 2018
Португалија: „Португалија ја има највозрасната тројка стопери во историјата на Мундијалите - Пепе (35 години), Алвеш (36 години), Фонте (34 години)“.
Шпанија: „Останаа без селекторот на ден пред почеток на Светско и два дена пред првиот меч - дербито со Португалија. Не викнаа играчи како Хави Мартинез, Фабрегас, Мората и Педро. Селектор им стана досегашниот вработен во федерацијата, легендата на Реал, Фернандо Јеро“.
Мароко: „Мароко е една од ретките селекции заедно со Белгија која нема пораз една година. Го имаат Хаким Зиеш кого го молеше цела Холандија да игра за нив а имаат и одличен селектор кој освои Куп на Африка со Замбија“.
Иран: „Селектор им е некогашниот помошник на Сер Алекс Фергусон, Карлос Кеирош“.
Франција: „Триколорите го имаат најѕвездениот состав на Мундијалот. Замислете кога постои можност на клупа да седи еден од Мбапе-Погба-Дембеле.“
Данска: „Интересно ќе биде ако Ериксен издрибла цела противничка одбрана и даде гол. Сериозно зависат само од една ѕвезда во екипата а тоа може и е скандинавска традиција“?
Австралија: „Веќе може да се кладите дека Тим Кејхил ќе даде гол. Ќе го гледаат внуци ама стариот уште се држи не се дава. Мада сезонава за Милвол не постигна ни еден гол, а репрезентацијата е нешто друго. Ќе видите“.
Аргентина: „Толку напаѓачки ориентирани фудбалери имаат што ќе мора Ди Марија да застане лев бек“.
Хрватска: „Хрватите одамна немале така непознат селектор како Далиќ (добро и претходниот им беше поправач на телевизори па го бркаше цела јавност). Но на Далиќ мора да му се признае дека на Модриќ и Крамариќ им најде нови улоги во кои играат фантастично“.
Нигерија: „Што да кажеме, Џон Оби Микел ќе игра во улога на десетка“.
Исланд: „Конечно селекторот стоматолог по професија им стана главен а не помошен тренер. Уште на Европското 2016 се виде дека тој е мозок на екипата“.
Бразил: „Селесао никогаш немал така талентирани голмани. И Алисон и Едерсон се меѓу петте најдобри голмани на свет. Бразилците делуваат непобедливо и страшно“.
Швајцарија: „Ако сакаат да пројдат група ќе им треба шпицот Емболо во најдобра форма. Освен него никој во селекцијата не знае да тргне сам кон противничкиот гол“.
Костарика: „До почетокот на квалификациите за Светско селектор на Костарика беше Паул Ванчоп најпознат фудбалер од оваа земја кој даваше голови на Светското 2006 во Германија. А пазете, од репрезентација го избркале зошто се степал со редар во време на еден натпревар. Со него шансите можеби ќе им беа поголеми“.
Србија: „Србите имаа матна историја со селекторот кој ги однесе на Светско (Славољуб Муслин). Го тргнаа зошто упорно игнорираше да го повика најдобриот фудбалер на оваа земја, Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кого гигантите нудат милиони. Но со шпиц како Митровиќ, секој центаршут е пола гол“.
Мексико: Нивниот селектор Осорио на времето ѕиркал низ врата да ги гледа тренинзите на Жерар Улие во Ливерпул. Посебно за оваа дупка најмил куќа близу тренинг кампот на Ливерпул“.
Германија: „Не треба Нојер да им брани поради стари заслуги. Треба да им брани тер Штеген кој имаше одлична сезона во Барселона и во моментов е најдобар германски голман. Ама они си знаат, не залудно се светски шампиони“.
Шведска: „Одранбениот стил на оваа репрезентација не им одговара на стоперите Виктор Линделоф и Андреас Гранквист кои имаат одличен прв пас ама не можат да го користат често“.
Јужна Кореја: „Ако не видовте како нивниот селектор изреагира на ждрепката за групите, ништо. А неодамна кажа дека ќе игра во формација 4-4-2 за најголемата ѕвезда Сон да се чувствува како да е во Тотенхем. Иако во клубот никогаш не играл во таа формација.“
Белгија: „Улогата на Кевин Де Брујне Пеп Гвардиола ја украл од Роберто Мартинез. Дури и сам си призна. Со игрите на таа позиција Де Брујне беше близу да стане најдобар играч во Премиер лигата сезонава.“
Англија: „Порано се фрлаа само на Руни а сега Англичаните имаат страшно талентиран млад состав. Може да стигнат далеку.“
Тунис: „Пола играчи од оваа селекција се сетија дека имаат туниски корени по пласманот на Светско првенство.“
Панама: „Шест играчи имаат повеќе од 100 меча за репрезентација. Може да им замрсат сметки на фаворитите“.
Полска: „Левандовски не е најголема ѕвезда на оваа репрезентација. Тоа е Петр Зелински кого го тренираше Маурицио Сари“.
Колумбија: „Имаат неколку ѕверки но од сенка ѕирка Хуан Кинтеро кој би можел да го засени Хамес Родригез. Секако, ако се работи за музика“.
Јапонија: „Штета што го отпуштија Ваха Халилхоџиќ кој ги однесе на Светско. Во составот имаат одлични играчи како Кагава, Хонда, Јосида, Нагатомо и Хасебе на кој можеби и не им треба селектор“.
Сенегал: „Одамна се зборува дека ова е најсилната африканска репрезентација. Еден од најдобрите стопери на светот Кулибали плус Садио Мане во нападот и деца од најдобрите европски клубови во секоја линија. Им треба само нормален селектор.“