Трибината е построена надвор од стадионот и стои сама за себе а фотографијата која што се рашири по мрежите како вирус, стигна и до британските листови Sun и Mirror кои пишуваа дека ова е најчудна трибина која што ја виделе (без стандардниот додаток дека Светското 2018 треба да ѝ се одземе на Русија).
Если ты чувствуешь себя одиноко, просто вспомни про трибуну стадиона в Екатеринбурге, которая будет стоять отдельно от всего стадиона pic.twitter.com/GjG7NWL8NF
— Лентач (@oldLentach) September 28, 2017
Првобитниот стадион во Екатеринбург, четвртиот најголем град во Русија после Москва бил изграден во 1958 година и собирал 27.000 гледачи. Но за потребите на Светското првенство 2018, Русите изградија многу нови модерни арени а некои други беа реконструирани и доградувани.
Nice view from the new stadium in Ekaterinburg that will host the WC next summer. 🤦🏻♂️ pic.twitter.com/kdBZ0mHD45
— Stefano Conforti (@confortistefano) September 27, 2017
И покрај тоа што од 2007-ма до 2011-та на овој стадион се направени еден куп промени, ФИФА поставила уште некои услови за исполнување на критериумите за следното лето. Со реновирањето, стадионот во Екатеринбург на кој игра ФК Урал ќе има капацитет од 45.000 гледачи. На овој стадион ќе се игра групна фаза од Светското после која ќе се тргнат монтажните трибини.
Една од трибините е права архитектонска мистерија затоа што е монтирана надвор од останатите три трибини и изгледа чудно.
Оваа трибина (на фото) не е авангардно архитектонско решение, туку просто привремена конструкција која што ќе овозможи повеќе гледачи. Таква трибина се монтира и во други спортови, а нешто слично само помала монтажна трибина имаше на мечот Македонија - Албанија во Струмица.
На Светското првенство 2014-та година во Сао Пауло на стадионот на Коринтијанс се играше полуфиналето меѓу Аргентина и Холандија. За време на Светското овој стадион собирал по 65.000 гледачи а по согласност на Коринтијанс подоцна бил намален на 48.000 од безбедносни причини. Во телевизискиот пренос ништо не покажуваше дека има промени.
Еве како беше во Сао Пауло:
Главниот проблем со екатеринбуршкиот стадион сосема не е привремената трибина, туку во недоследното менаџирање. Денес, на помалку од 8 месеци до почетокот на Светското, ни регионалните власти ниту Урал не знаат што ќе биде со стадионот понатаму.
Клубот сака да игра на 35-илјадната Арена (зошто не знае ама баш никој), градот мисли дека многу ќе чини одржувањето. Демонтажата на привремената трибина ќе изнесува околу 1 милијарда рубли (1.729.183 долари).