Во есента лани Исланд првпат во историјата се пласираше на едно Светско првенство а на крајот од зимата околу 20% од целокупното население на оваа земја купиле карти за натпреварите на Исланд на Мундијалот 2018 во Русија.
Исланд има околу 350.000 жители. Пред две години кога „Викинзите“ предводени од Ларс Лагербег и Хејмир Хадлгримсон го фасцинираше светот, ги совлада Англичаните на Европско и стигна до четвртфиналето, репрезентацијата ја бодреа околу 30.000 навивачи (помалку од 10% од целокупното население). Во Русија ќе бидат двојно повеќе зошто до денес околу 66.000 Исланѓани купиле влезници за Светското.
По Европското 2016 каде Исланѓаните направија шоу со нивниот перформанс кој брзо ја „зарази“ Европа и се изведуваше на многу стадиони на континентот.
„Исланд се пласираше на Светско првенство првпат во својата историја. Тесно соработуваме со руските власти и им поставуваме многу прашања. Тоа што досега околу 20% од населението на Исланд купија карти за мечевите зборува за огромниот интерес. Се гордееме што сме најмалата земја во историјата на едно Светско првенство“, изјави Берглинд Асгејрсдотир, претставник на фудбалската федерација на Исланд.
Летово ќе ги слушаме пак како ќе звучат во Москва (таму играат против Аргентина на „Откритие Арена“), против Нигерија (во Волгоград) и во Ростов против Хрватска. Нормално, настапите на репрезентацијата не ги следат само оние кои патуваат каде играат фудбалерите, туку и пред тв екраните па така на пример решавачкиот меч