По чудата кои ги правеа лани на Европското во Франција, фудбалерите на Исланд направија нов подвиг и во конкуренција на Хрватска, Турција и Украина како први во групата одат на Светско. Вечерва им требаше победа против Косово, триумфираа 2:0 и славјето можеше да почне. Исланд има 334.000 жители и е најмалата земја која што ќе игра на еден Мундијал.