Во слободно време чита книги најчесто од психологијата коишто му помагаат да им влезе во свеста на фудбалерите и да се спреми за нив (омилена книга му била „Емоционална интелегенција“ од Даниел Голмен). Во интервју за Blic, Мажиќ еднаш раскажал дека дома жена му ја има последната свирка:
„Секако дека немам ништо против жена ми да ги носи најважните одлуки во семејството. Станав судија после кратка играчка кариера и пет операции. Меси, Роналдо и Ибрахимовиќ се нормални луѓе“, вели српскиот судија кој има два сина, Огнен и Гордан.
Мажиќ важи за приземен судија затоа што често се случувало од „Ноу Камп“ и „Олд Трафорд“ да дојде да суди зонска лига меѓу Јединство и Борец.
„Да бидам искрен и тој меч во Сурчин (белградско предградие) го сфатив максимално сериозно. Да се пошегувам, видовте колку луѓе и новинари дојдоа на стадионот на Јединство, не смеев да згрешам. Имав впечаток дека сум на суперлигашки меч и така судев.
- Милорад Мажиќ важи за еден од највлијателните луѓе во српскиот спорт. Во свежиот рејтинг на Blic, Мажиќ го зазема 15. место - пред првиот советник на УЕФА Дејан Станковиќ, најмоќниот фудбалски агент Фаљи Рамадани и ѕвездите Милош Теодосиќ и Немања Матиќ.
- Поради Мажиќ го преместуваат дури и вечното дерби меѓу Црвена звезда и Партизан. Во април годинава белградското дерби беше одложено за друг ден поради тоа што најдобриот српски судија имал „европски обврски“.
„Нелогично е да се игра дерби со други судии. Ако Барселона не може без Меси, така и ние не можеме без Мажиќ“, изјави тогаш тренерот на Партизан Мирослав Ѓукиќ.
- Мажиќ го судел вечното дерби дури 14 пати и тоа е апсолутен рекорд. Никому не го довериле главниот меч повеќе пати.
„Не ги анализирам весниците, не обраќам внимание на тоа што зборуваат клубовите. Кој не може да се носи со притисок - нема провкласни резултати, тоа е очигледно“, раскажал Мажиќ еднаш во интервју за Blic.
- Но Милорад имаше и периоди во кариерата кога многу го напаѓаа - на пример после Светското 2014 (негов прв голем турнир) сајтот Redcardtheref.com го прогласил Мажиќ за најлош судија на Мундијалот. Во гласањето учествувале 80.000 луѓе, пред се Португалци.
Србинот ги збеснал Португалците во групната фаза на Светското во Бразил кога свирна пенал по фаулот над Марио Геце од Германија (со тоа почна потопот на Португалија), а потоа го исклучи Пепе кој по нос го удри Томас Милер.
Во второто полувреме бесниот Кристијано Роналдо по целиот терен трчаше по Мажиќ по неговата одлука да не свирне пенал по падот на Едер во германскиот шеснаесетник.
Ако во овој момент на сликава Мажиќ се завртеше случајно, Португалците ќе остане со девет играчи.
Mehr Raúl Meirelles wagen! Viel viel mehr! pic.twitter.com/gUwBrR7qm3
— Benny Berger (@benny_berger) June 16, 2014
После мечот од Португалската фудбалска федерација појасниле дека на фотографијата не е тоа што сите го мислат туку Раул Меирељеш просто му давал тактички инструкции на Бруно Алвеш.
„Судијата погреши во две епизоди - кога досуди пенал и кога исклучи играч. Ние допуштивме грешки но судењето во прво полувреме беше против нас. Не знам дали го исклучи Пепе за репутација или нешто друго, се зависи од тоа каква репутација има Пепе според вас“, изјави селекторот на Португалија тогаш Пауло Бенто.
- Иран се пожали во ФИФА на Мажиќ по мечот со Аргентина на истото Светско првенство. Тогашниот селектор на Иранците Карлош Кеирош изјавил дека неговата репрезентација не добила чист пенал.
„Како тој човек ќе спие ноќва? И како ќе живее понатаму“, прашуваше Португалецот селектор на Иран.
- После половина година на Мажиќ му го доделија мечот од Лига на шампиони Атлетико - Реал Мадрид а по тој натпревар неприличен коментар имаше фудбалерот на Атлетико Марио Суарез:
„Со должна почит, но не може да назначат српски судија да суди ваков натпревар. Судијата беше слаб. Се надевам дека во реваншот ќе суди еден од најдобрите судии. Не мислам дека судијата не го следеше ритамот на мечот, но тоа не е оправдување“ изјави Суарез без да навлезе во подробности.
Каде е сега Марио Суарез со 31 година? Игра во Кина, а каде е Милорад Мажиќ?
Кариерата на Мажиќ почнала во 2006 година а после шест години него му го доверија првиот меч од Лигата на шампионите - Барселона на „Камп Ноу“ го пречека Спартак Москва.
Милорад одлично го сработе Европското 2016 и го судеше финалето на Куп на Конфедерации 2017 во Санкт Петербург. По финалето на Лига на шампиони за неколку дена меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Киев, Мажиќ ќе се пресели во Русија каде ќе суди средби од Светското 2018.