Веројатно сите ја знаете онаа старата: „спој на младост и искуство“. Епа во репрезентацијата на Франција во последните четири години има верзија - симбиоза на младост и уште поголема младост.
Во финалето на ЕВРО 2016 на домашен терен дресот на Франција го носеа ветераните: Сања (33 години), Евра (35 годни), Жињак (29), Кошелни (30), Паје (29).
После Европското Дешам радикално го освежил составот. На Мундијалот во Русија каде Франција потполно издоминира до златниот пехар, во составот беа: Осман Дембеле (21), Кимпембе (23), а во финалето играа Павар (22), Ернандез (22), Умтити (24), Толисо (23) и Мбапе (19).
Франција беше втора по просек на младост на Светското 2018 (просечна возраст им беше 26 години и 90 години, а помлада селекција имаше само Нигерија). Триколорите го обновија сопствениот рекорд (помлада Франција била само во 1930-та година).
После Светското 2018 во Русија, трендот кај Дешам се продолжи: кај него верувале или не дебитираше клинец роден во 2002 година - 17 годишниот Едуардо Камавинга (најмладиот француски репрезентативец за 106 години).
Светската фудбалска јавност се восхитува на младоста и притокот на нови таленти во репрезентацијата на Франција, но тоа создава и нетипични проблеми.
Дидие Дешам најверојатно е единствениот селектор кој морал да интегрира наеднаш толку многу млади суперѕвезди на едно место. И добро му оди.
ДЕШАМ СМЕТА ДЕКА ЗУМЕРИТЕ (ГЕНЕРАЦИЈА Z) И МИЛЕНИЈАЛЦИТЕ СЕ СТВАРНО ПОСЕБНИ
Прво да разбереме зошто на младите играчи им треба посебен пристап.
Вие најверојатно сте слушнале за теоријата на генерации. Неа во 1991 година ја смислиле писателот Вилијам Штраус и научникот Нил Хау. Тие двајцата сметале дека под влијание на историски настани секое поколение треба да добие карактерни признаки. Според нивната теорија има неколку генерации:
- Бејби-бумери (или бумери) родени од 1946 до 1964 согласно социолошкиот истражувачки центар Pew. Тие важат за воркохоличари, вредни работници кои готово никогаш не користат интернет и се конзервативни.
- Генерација Х - родени од 1965 до 1980 година. Умерено го користеле интернетот, се женат и основаат семејства со деца многу подоцна од нивните родители-бумери. Уште и ги викаат генерација-сендвич зошто се наоѓаат веднаш меѓу родителите-бумери и децата-миленијалци.
- Генерација Y (миленијалци, милениумска генерација) - од 1981 до 1996.
- Генерација Z (зумери) - после 1997 година.
Меѓу зумерите и миленијалците има многу разлики но за статијава тие ние се најинтересни. Тие се родени и растени под страшно силно влијание на техничкиот развој и интернетот. Имаат зависност од социјални мрежи, емотивна нестабилност, посебен приод кон работата и развој на кариера.
Теоријата на генерациии е критикувана поради недостаток на емпириски докази, воопштување, генерализирање и недостиг на детали (на пример пол, раса и други индивидуални карактеристики не се земени во предвид), но и натаму се користи оваа теорија зошто просто генерациите се стварно различни но тоа е воочливо и без некаков емпириски доказ.
Дидие Дешам ја сака теоријата на генерации. Уште пред Светското 2018 тој дал неколку интервјуа во кој зборувал за посебноста на новите клинци.
„Они се подруги, сакаат сè и веднаш. Се чувствуваат посилни, чувствуваат дека новите технологии им даваат власт над постарите генерации. Во наше време 18-годишен дечко не играше во топ клуб. Но морам да кажам и дека они работат повеќе за да добијат се побрзо“, вели Дешам за The Guardian.
Е сега друга работа е што францускиот селектор има армија перспективни клинци со двојни државјанства па може да бира.
„Сакам да знам што се крие зад името на човекот. Тие се различни, секој има поинаков поглед на животот. Ако е можно потребно е да се прилагодите на нивниот бран. Само така можам да ги соберам во еден ист тим“, вели 51-годишниот Дешам за зумерите (Генерација Z).
ЗА ДА ГИ ЗАПОЗНАЕ ПОДОБРО ЗУМЕРИТЕ, ДЕШАМ ОДЕЛ НА КУРС КАЈ СИН МУ, УЧЕЛ ИМИЊА НА РАПЕРИ И СЛЕНГОВИ
Задачата на францускиот селектор не е баш лесна. Авторитет и старинска дисциплина некогаш не можат да помогнат. Некои од клинците не се ни родиле кога Дидие Дешам како капитен на Франција освои Светско првенство 1998-ма година.
Дидие решил да дознае се за новата генерација клинци од син му Дилан. Тој е син-единец на Дешам. Дилан, интересно, не е многу поврзан со фудбалот. Тој завршил на Лондонска бизнис школа, а во последно време работи како трговски претставник на инвестициската банка Morgan Stanley во Лондон.
Дилан е роден во 1995-та и практично е Генерација Z.
„Син ми многу ми помогна да ја разберам новава генерација. Многу зборувавме за тоа. Дилан ми раскажа каква музика слушаат, како разговараат меѓу себе, зошто толку седат на социјални мрежи, какви навики имаат. Јас водев дури и список, запишував имиња на рапери и сленгови. Сакав да ја разберам психологијата на новата генерација“, вели Дешам чија репрезентација е втора на ФИФА ранг листата на светот во моментов 29 бода зад првата Белгија.
ДЕШАМ ДОЛГО ВРЕМЕ ВОЈУВАЛ СО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ПРВО ГИ ЗАМЕНИЛ ЗА КАРТИ И КНИГИ, А ПОСЛЕ САМ ГИ ВИКАЛ НА ИНСТАГРАМ
Сижето на репрезентацијата на Франција во последните четири години е: дедо се обидува да се разбере со внуците.
Од првин, Дидие Дешам сакал да го смени стилот.
„После Евро-2016 се сменив. Во репрезентација се појавија многу играчи кои припаѓаат на друга генерација. Они очекуваат од мене поголема доверба, емотивен пристап, топли зборови и поддршка. Сфатив дека ако не ги применам тие правила, ќе имаме проблеми. Мислам дека нашата генерација имаше помалку потреба од ласкави коментари. Дури и играчите кои не влегуваа во состав“, раскажал селекторот на светскиот првак и додава:
„Младите дечки знаат да се фокусираат. Но побрзо губат концентрација па затоа настапувам пократко. Ако збориш повеќе од 15 минути или ако им пуштиш видео од 1 час“.
Можно е заедничка особина на оваа генерација да е љубовта кон социјалните мрежи и смартфоните.
„Они стварно не можат без социјални мрежи. Интеракцијата на друштвени мрежи доведува до лачење на хормонот на среќата допамин. Исто така се произведува со пушење, алкохол или коцкање. Покрај тоа, жедта за одобрување ја префрла од родители на врсници а тоа се изразува во лајкови, ретвитови, репостови“, вели Сајмон Синек, британски писател.
Дидие Дешам не ги забранил социјалните мрежи („тие се родени со тоа, како можам јас да им го забранам?!“), но ги ограничил. Им забранил телефони во време на доручек, ручек и вечера, пред тренинзи како и на вечерните состаноци.
„Постојано седат на социјални мрежи и поради тоа стануваат поизолирани. Имаат еден куп апликации за комуникација, ама тешко разговараат во живо“, искрено вели предводникот на златна Франција.
Дешам тогаш им предложил алтернатива - телефоните да ги заменат со карти:
„Ризикував да ме сметаат за старомоден. Но кога бев млад играњето карти не правеше поумни зошто смислувавме заговори како да го надмудриме противникот во карти“.
Кога картите им досадиле (очекувано), Дешам смислил нова забава. На својот помошник Гај Стефан му рекол за сите репрезентативци да купи примероци од автобиографиите на Алекс Фергусон и Фил Џексон (легендата на ЛА Лејкерс и Чикаго Булс).
„Пред мечот со Белорусија се симнав во ходник и се шокирав! Килиан, Рафа (Варан), Дембеле и уште неколку седеа во фоајето и живахно ја разкажуваа биографијата на Фил Џексон. Боже мој, немав појма дека Осман знае да чита“, во свој стил духовите раскажал еднаш Оливие Жиру.
Дидие им ги ограничил социјалните мрежи, но не им забранувал да ги делат емоциите преку Инстаграм. За време на Мундијалот 2018 во Русија, Инстаграм стана мал медиум на Французите: објавуваа фотографии и видеа од хотел, од тренинзи, од натпревари, од соблекувална.
Селекторот Дешам не се гневел туку сфатил дека тоа за нив е важно како вентил на емоции. Тој со тек на време го сменил односот кон социјални мрежи. Прво сметал дека се нужно зло, а веќе по Светското 2018 сфатил дека од социјалните мрежи може да се има и корист.
Некои играчи и новинари дури и рекле дека самиот Дешам откако Франција го освои Светското првенство, им рекол: „дечки земјате смартфоните, ова е неверојатен момент! дајте да имаме за спомен и да споделиме со навивачите“.
Французите (во прв ред Погба) објавуваа веднаш лајв-видеа и фотографии директно од терен и соблекувална.
СЕ НАШОЛ СО НИВ И НА ПОЛЕ МУЗИКА
Дидие дозволил да се слуша музика во соблекувална пред натпреварите (обично на 20 минути пред влез на терен). Обично дечките слушаат современ француски рап или поп музика: Naza, Vegedream, Niska, Jul или Aya Nakamura.
Со тек на време Дешам сакал нејќел морал да се привикне и на оваа промена за да биде респектиран од клинците.
После победата над Бугарија (во октомври 2017), радосните играчи влегле во автобус и се збуниле: 50-годишниот селектор Дешам пуштил рап музика од францускиот рапер Niska. Играчите не очекувале такво нешто од чичко Дидие: „Слушаш ли ова бе“? , му рекол Мбапе на Дембеле, а помошникот Гај Стефан додал: „Стари, не знаев дека ти се свиѓа модернава музика“.
„Се шалиш, така? Само што дознав за раперов. Само за дечките да не ме прашаат нешто за него“, итро одговорил селекторот Дешам.
Во интервју за Le Figaro подоцна признал дека додека играчите оделе кај автобусот он се пишал со син му Дилан и на негов совет го пуштил раперот Niska. Дешам никогаш не слушал рап. Нити ќе, ама од што мора.
Ама и тие „мајчини“, па после пар дена и триумфот над Белорусија му возвратиле: кога влегол во автобусот го слушнал баритонот, 75-годишниот Мишел Фуген, неговиот омилен пејач од времето.
Овие методи на Дешам успеале. Младите играчи станаа важен дел од репрезентацијата на Франција. Во финалето на Светско се појавија дури 11 миленијалци и дури 3 зумери. Новата генерација работи среќно и продуктивно со Дешам.
Клинците го респектираат зошто е коректен со нив. Заеднички дури и направиле Кодекс на честа кој значи неколку работи. Овој Кодекс виси на ѕидот во секоја соба во базата Клерфонтен. Во кодексот Дешам бара да се уважува дресот, грбот и националната химна. Од играчите бара и да бидат искрени и скромни. Дури има и совет за комуникација со новинарите: „Запамтете дека разговори со новинарите се неодвоен дел од нашето прекрасно патешествие. Вашиот однос го формира имиџот на репрезенацијата и целата земја, затоа останете професионалци“.
Дешам стана селектор на Франција во 2012 година кога оваа селекција тонеше во големи скандали (тепачки, конфликти со Анелка и Џибрил Сисе, астрологот Рајмон Донемек, раката на Анри со Ирска, пропаст во обидот да се пласираат на три големи првенства по ред). Репрезентацијата на Франција во еден момент стана омразена дури и од самите Французи.
Ама откако Дешам седна на клупата, тој направи светски првак и сплотен тим кој сега одлично чекори кон Евро2021 и Светско2022.