Опремата на репрезентацијата на Бразил долги години е како визит картичка на селекцијата. Измените на дресот на Бразил не можат да бидат драстични поради богатата историја, па задачата на дизајнерите да не ја нарушат традицијата а да го обноват дресот не е нималку лесна.
Домашната најнова варијанта на дресот на Бразил за Светско 2018
Основната боја на новиот дрес на Бразил не се разликува многу од дресовите во последните години освен што е можеби малку посветла. Дизајнерите на Nike се погрижиле да направат бои слични на легендарниот дрес од Светското 1974 кога првпат во историјата се појавиле телевизори во боја.
Новиот дрес на Бразил во шаблон Nike Vapor Aeroswift ги има истите детали како и дресовите на Nike за многу други репрезентации кои ќе играат на Светското 2018.
Шорцот на Бразил по традиција е син, а штуцните бели:
Гостинска варијанта дресови на Бразил:
Гостинската варијанта е направена во ист шаблон и на ист принцип како и домашната, меѓутоа дизајнерите се одлучиле да ја ублажат предната страна на дресот со необичен отисок на ѕвезда во различни нијанси на сина боја:
Шорцевите на оваа варијанта се бела боја а штуцните сина.
Колекцијата за тренинг и lifestyle
Nike подготви и комплетна колекција за сите прилики: за пред мечевите, тренинг облека како и кежуал варијанта:
Како изгледала опремата на Бразил на Светските првенства?
1990
1994
1998
2002
2006
2010
2014