Била сериски убиец од селото Владимировац. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век учествувала во труење на околу 150 луѓе. Станала мизантроп откако ја завел млад австриски офицер од кого има добиено само сифилис, пред да ја остави со скршено срце.
Подоцна се мажи за богат сопственик на имоти Пистов или ди Пиштоња со кого имале 11 деца, од кои само едно преживеало до полнолетство. Бил доста постар од неа и умрел после 20 години брак.
После лошото љубовно искуство со офицерот а пред да се омажи барала самотија и покажувала заинтересираност за медицина и хемија. Зборувала пет јазици. Откако станала вдовица, Анујка се посветува на хемијата. Продавала отровни мешавини наречени „волшебна вода“ и „љубовен напиток.“
Напитоците им ги продавала главно на жени со брачни проблеми кои тајно би им ги давале на мажите а овие обично умирале после осум дена.
На прашањето за брачниот проблем, Анујка обично прашувала „А колку е тежок овој проблем?“ што значело колку кила има мажот, за да може да му се пресмета потребната доза.
Жртвите обично биле млади и здрави мажи. Нејзините клиентки на судењето тврделе дека не знаеле дека нејзините волшебни води содржат отров, но верувале дека Анујка има некоја натприродна моќ да убива луѓе со магија.
Пресудно било нејзиното познавање на билките. На почетокот била исцелителка, им помагала на регрути да лажираат болести заради избегнување војска. Кога добила статус и пари, станала зла.
Во 1920-тите имала свој продажен агент, жена по име Љубина Миланков чија работа била да наоѓа потенцијални клиенти и да ѝ ги носи.
Уапсена е 1928 година на 90 години и осудена на 15 години затвор заради две убиства. После осум години, пуштена е од затвор, заради старост.
Следноата година починала, на точно 100 години.
И да, на сликата е таа.