Кога Шведска последен пат играла на Светско првенство, Златан уште не беше голем маж на кој му се поклони цела Европа. Таа мундијалска 2006-та година Златан уште не беше гласен како подоцна, даде вкупно 7 гола во Серија А и уште не беше спасител на Шведска - тогаш главни играчи беа Хенрик Ларсон и Фреди Љунберг, а Ибрахимовиќ играше вкупно три полувремиња на Светското во Германија и не даде гол против Тринидад и Тобаго ниту против Парагвај.
На сите квалификации подоцна Швеѓаните немаа успех и среќа: пред Светско 2010 кикснаа со Данска и Албанија па останаа трети во групата, а во 2013-та изгубија од Португалија во баражот за Бразил.
Особено тешко им беше пред четири години (кој би рекол дека поминаа): Ибрахимовиќ како гол-машина даде два комада против Португалија но Кристијано му одговори со хет-трик и Ибра Светското го гледаше од телевизија. Златан делуваше разочаран и скршен но како секој суперхерој и тој ги издржал сите маки: „Светско на кое не игра Златан не е Светско“, изјави сериозно.
Ибрахимовиќ веќе пола година не игра за Шведска после неславното испаѓање од Евро 2016. Репрезентацијата малку се освежи но уште не делува моќно и потребен е и маж кој ќе ги поведе со себе. Ибра е играч кој откако наполни 36 години даде 30 голови повеќе отколку до тој момент. Во англиската Премиер лига дојде на 34 години и брзо ја доби круната за најдобар стрелец на тимот.
На 35 години изјави дека работи по 8 часа на ден за да се врати и да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Веќе 4 месеци после тешката повреда на лигаментите се појави на видео облечен во боксерици како тренира.
„Таквите ситуации ме мотивираат. Сакам да видам на што е способно моето тело. Луѓето обично говорат: јас тоа не го можам или го можам. Мене полесниот пат не ми се допаѓа, го сакам потешкиот. Ќе си одам од фудбалот така како што дојдов. Нема да си одам повреден. Ќе си одам исправен. Па ако треба ќе одам и по вода“, изјави неодамна легендарниот напаѓач.
Ибра во Шведска го слават како полубог на улица пред секој меч.
Во Франција во дресот на ПСЖ даде 113 гола на 122 натпревари, во Англија важеше за еден од подобрите напаѓачи. Во тимот од „Олд Трафорд“ заработува 30.000 фунти неделно а во ПСЖ земаше десет пати повеќе (290.000 евра неделно).