Најдобриот перуански фудбалер Џеферсон Фарфан кој на времето важеше за талент број еден на својата генерација, имал права меѓуконтинентална лудорија деновиве, па човек просто да не верува како е можно да смени толку многу временски зони и континенти.
Од Нов Зеланд до Перу според Гугл мапс има 19 часа летање со авион, но за гостинската селекција патешествието траеше уште подолго. Перуаинските аеродромски власти од необјасниви причини слетувањето им го одложија за три часа и поради тоа Нов Зеланд за момент запре во малото градче Икике во северно Чиле. 36 годишниот Шеин Смелц тоа го искористи за сув краток тренинг.
По пауза од 36 години Перу се враќа на Светските првенства, а земјата до толку е во транс што од преголемо славје се активираше апликација за мерење на земјотреси.
Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик.
По Исланд и Шведска, селекцијата на Данска стана третата скандинавска земја која обезбеди пласман на СП 2018, што се нема случено во историјата. Гостин во отвореното студио на терен беше пензионирниот дански фудбалер Ларс Јакобсен. Го настинаа човекот.
Феноменалниот Кристијан Ериксен од Тотенхем синоќа со хет-трик на големо ѝ помогна на својата Данска да ја прегази Р. Ирска со 1-5 во Даблин и да се пласира на Светското 2018. Неговиот прв гол на мечот беше ремек дело.
Не беше апокалипса, бидејќи немаше библиска величина, ниту катастрофа, ќерка на циничната судбина. Синиот бастион потона во хаос за кој треба сите да одговараат и никој да не биде исклучен.
На Мундијалот нема да гледаме легенди како Џиџи Буфон, Арјен Робен, Дидие Дрогба, Џорџо Киелини... Се надеваме само дека шведската јавност и селекторот ќе го предомислат Златан да се врати во репрезентацијата и да заигра во Русија следното лето.
Шпанскиот судија Лаоз немаше храброст да покаже на белата точка и покрај тоа што имаше барем три спорни ситуации кои слободно може да се третираат како пенал. Еден за Италија и два за Шведска. Да беше обратно, италијанските медиуми и критичати ќе го распнеа судијата на крст и немаше дома да го пуштат.
Шокантната елиминација на Италија во бараж средбите за пласман на Мундијалот во Русија не е единствената работа за чудење. Погледнете ги резултатите на сите досегашни мечеви.
Човеков се вика Карло Тавекио. Има 74 години. Претседател е на Италијанскиот фудбалски сојуз. Освен тоа што од 1970 до 1998 заработил неколку месечни затворски казни поради дубари и фалсификувања не направил ништо значајно во фудбалот. Ретрограден, деструктивен шеф на италијанскиот фудбал кој стави и декадентен селектор.
Ти ги мислиш Скандинавци кои на мравка не лазат, а тие беа во целосен делириум и не знаеа што прават. Селекцијата на Шведска има потполно право и на вакво славење. Го урнаа 4 кратниот светски првак Италија кој по пауза од 60 години нема да учествува на Светско првенство.
Кој очекуваше дека нашиот противник од квалификациската група Г со кој одигравме два машки натпревари и на гости му извадивме 1:1, ќе се најде во ситуација да му виси учеството на СП. Зборуваме за 4 кратен светски првак за кој цела земја е загрижена да не се случи најлошото.
Критичарите кои се противат на новите технологии во фудбалот обично велат дека судиските грешки се дел од спортот, но некои судиски грешки можат да бидат клучни во тоа дали некој ќе учествува на Мундијал. Швајцарија синоќа обезбеди 0:1 во Белфаст, а во тоа им помогна романскиот судија Овиду Хатеган. Овде немаше ни Р од играње со рака.
Вечерашниот бараж натпревар за СП 2018, по кој една од двете земји ќе мора да се соочи со голем неуспех што нема да отпатува за Русија, една хрватска фудбалска легенда го нарече „Најлошата можна ждрепка“. Но не од спортски причини.
Во екот на расправата за измени и дополнувања на Закон за локална и подрачна самоуправа, претседателот на хрватското Собрание рекол дека седницата ќе трае до почетокот на мечот од баражот за Светско Хрватска - Грција.