Во ноември Фарфан се изнапатувал за цел живот. За три недели поминал повеќе од 46.000 километри што е повеќе од должината на екваторот (40.000 км).
Најголемите маршрути на некогашниот бисер на ПСВ Ајндховен а денес ѕвезда на Локомотив Москва се поврзани со репрезентацијата на Перу. Во ноември јужно-американската селекција играше бараж меч со Нов Зеланд за пласман на Светското 2018-та.
Поради клупските обврски и економичноста, а пред сè временските разлики, Фарфан и се приклучил на репрезентацијата на Перу директно во Оукленд (Нов Зеланд) а не во Лима (Перу). Перуанците тренирале во Лима неколку дена а потоа летале до Велингтон каде се играл мечот, а за назад летале Велингтон до Оукленд па до Лима.
На мечот во главниот град на Перу Фарфан постигна гол кој што ја одведе неговата земја на првото Светско првенство после 36 години!
Од Перу, после мечот Џеферсон летал до Москва и не играл во Махачкала против Анжи, но затоа играл на поважниот меч од Лига Европа против Копенхаген (2:1) каде даде два гла и заслужено го доби признанието играч на колото во Лига Европа.
„Секако дека сум изморен. Поминав во авион повеќе од 50 саати. Но поради историскиот успех со репрезентацијата на Перу и победата денес против Копенхаген, се е одлично“, рекол Фарфан после дуелот со Данците минатиот четрврток.
Кога Џеферсон го потсетиле дека скоро го чека лет во далечниот Хабаровск (летот од Москва до таму трае 8 часа и 15 минути), тој рекол: „После баражот за репрезентацијата осум часа не ми се проблем, а на минус 20 се навикнав да играм. Тоа е експеримент и сериозен предизвик“.
Минус 20 не било во Хабаровск (на денот на мечот било минус 11), а Фарфан активно учествуваше во важниот триумф на неговата Локомотива Москва. Прво после неговиот удар топката се одбила од противнички бек и влегла во голот а на самиот крај Фарфан заработил пенал кој не го реализирал но за среќа натрчал на одбиената топка и во 93’ минута му донел победа на лидерот Локомотив.
3 недели живот на Фарфан:
Поминати 46.739 километри;
62 часа и 42 минути во воздух;
6. ноември: Москва - Оукленд 16.200 км
9. ноември: Оукленд - Велингтон 494 км
11. ноември: Велингтон - Окленд 494 км
11. ноември: Окленд - Лима 10.768 км
18. ноември: Лима - Москва 12.643 км
26. ноември: Москва - Хабаровск 6.140 км