Сите се криви

Не беше апокалипса, бидејќи немаше библиска величина, ниту катастрофа, ќерка на циничната судбина. Синиот бастион потона во хаос за кој треба сите да одговараат и никој да не биде исклучен.

Годинава на Италија е нула. Солзите на Буфон и молкот на Сан Сиро тежат како надгробна плоча на која ќе бидат гравинари со пресуда без право на жалба. Збогум Русија, ние сме надвор од Мундијалите, нешто што се нема случено од далечната 1958-ма. Тоа е една од најцрните страници во историјата на нашиот спорт, брутален шамар, како и непроценлива штета за земјата која живее и дише за фудбал.
 
На бесконечното разочарување на 70.000 и на многу милиони на тв екраните, се додава чувството дека избрзаните тешки зборови всушност беа погрешни. Не беше апокалипса, бидејќи немаше библиска величина, ниту катастрофа, ќерка на циничната судбина.
 
Натпреварот од огромна важност против Шведска, противник со бесконечна скромност, изгледаше слично на бродолом со размери еквивалентен на Титаник. Пренатрупани со товар на гордост, синиот бастион потоа во хаос за кој треба сите да одговараат и никој да не биде исклучен.

Лесно, прелесно е ова да му го препишеме на селекторот. Но гревовите на нашиот несреќен капитен, повеќе гостин отколку господар на неговиот брод, не го спасува екипажот и ниту сопственикот. Сите се криви: Вентура, играчите, федерацијата, целата организација на нашиот фудбал, политиката. Со евентуален натпревар меѓу медиумите, можеби виновни што не ги сигнализираа со уште поголема енергија ледените брегови на хоризонтот. Сите се повикани да ја платат солената цена за неквалификувањето.
 
Ден потоа, играта на пресуди е сурова, но неизбежна. Вентура поради лично достоинство не може да не си замине. Неговото инсистирање на несоодветни модули, недостаток на потези и интезитет, триото во одбрана оставени да надмудруваат хоризонтално 90 минути, немањето идеја да му најде улога на Инсиње...Кај нашиот човек, технички надарен имаше повеќе гревови во пеколот на Сан Сиро.
 
Од Буфон и другите големи постари играчи се очекуваше пожестока одмазда. Тие се притиснати на збогум од еден пораз кој не се брише после толку незаборавнни победи. Во федерацијата пак Тавекио се чини дека е решен да не се предава. На почетокот имаше гафови и незначителни резултати на меѓународно ниво. Го избра Конте, го донесе ВАР, но на италијанскиот фудбал му требаат промени од корен. А за тоа потребни се нови лица и идеи. Се надеваме дека претседателот наскоро ќе најде достоинствен начин да го остави теренот слободен за дебата и обновување.

Постои голема потреба од тоа. По титулата во 2006-та, Италија беше елиминирана во групна фаза и во Јужна Африка и во Бразил, потона на рангот на ФИФА, а овој пат не се ни квалификуваше. Не е само вина на Вентура ако лигата во која има 56% странци му дава жив примерок на контрадикторности. По генерацијата на херои во Берлин, очајно сме лишени од таленти и загрижени што младите играат малку и не се здобиваат со знаење.
 
Како да мислиме дека лигите А и Б, парализирани од личните погодности на Лотито можат да доведат до реформи во шампионатот и реставрација на расадници? Во Шпанија големите клубови користат барем 10% од нивниот огромен обрт на младинци. Треба да сториме нешто и ние, бидејќи ќе ни треба.
 
14 ноември 2017 - 16:10