Перу се тресе од радост за Мундијалот и алармираше земјотрес

По пауза од 36 години Перу се враќа на Светските првенства, а земјата до толку е во транс што од преголемо славје се активираше апликација за мерење на земјотреси.

Џеферсон Фарфан и Кристијан Рамос се хероите кои го носат Перу на Мундијалот во Русија, откако му донесоа победа од 2:0 против Нов Зеланд во последниот бараж натпревар.

Тие се последната 32-ра земја која обезбеди учество на планетарниот фудбалски собир следната година. Владата го исполни ветувањето и прогласи државен празник. Перу последен пат учествуваше на Светско првенство во 1982-ра година.

Сеизмолозите информираа преку Твитер дека немало земјотрес, туку пласман на СП. Возбудата на Перуанците била до толку голема што при постигнувањето на првиот гол, предизвикала активирање на апликацијата за мерење на земјотреси.

1:0 

 

2:0

Последниот свиреж и славјето на терен

16 ноември 2017 - 09:50