Последен пат Перу играл на Светско во Шпанија во 1982 година, пред 35 години. Во јужно-американските квалификации за СП 2018 завршија петти и се пласираа во меѓу-континенталниот бараж каде им се падна Нов Зеланд.
Првиот меч заврши 0:0 а во реваншот во Лима победија 2:0.
Пред возвратниот дуел синоќа во Перу имало неверојатен метеж. Националниот стадион во Лима собрал 50.000 гледачи а побарувачата достигнувала и до 700.000 луѓе за карти. На крајот победниците на лотарија за карти биле 10.000 среќници кои добиле по два билети и зафатиле 20.000 места од стадионот. Уште 30.000 карти биле реализирани преку спонзорите а таква каква што била гужвата Перуанците можеле да соберат десет такви стадиони.
Но гостите се жалеа на многу непристоен третман во Лима. Патот од Оукленд (Нов Зеланд) со специјален авион од Air New Zealand бил предвиден до Буенос Аирес (Аргентина) од каде требале да продолжат за Перу со чартер лет. Но пред да полетаат, на пилотите од перуанските авторитети им било кажано дека нема да може да слетаат во Лима пред 10:30 сабајле поради некои рестрикции на аеродромот па фудбалерите и стручниот штаб околу три ипол часа дремеле на аеродромот во Буенос Аирес.
Јавноста во Нов Зеланд смета дека дури и властите во Перу го планирале сето тоа затоа што пласманот на едно Светско првенство носи огромен бенефит за економијата на земјата. Ги исмрцвариле по пат каде три пати морале да преседуваат за да стигнат до главниот град на Лима.
Перуанците ги искористија сите средства да обезбедат пласман - ноќта пред мечот на самите прозори од хотелот каде спиела уморната репрезентација на Нов Зеланд запалиле огромен и долг огномет кој ги извадил од памет гостите:
А во Лима ги изненадило тоа што „ги сопнувале“ на секој чекор. На самиот меч им светеа со ласери што ФИФА строго го забранува, им фрлале петарди и разни предмети.
Disgusting use of Laser Pointers by Peru Fans #PERvNZL pic.twitter.com/QEwGj5N0hO
— mw (@michaelwebo) November 16, 2017
Hey Peru, NZ is ranked 122 and you are 10th. Do you really need to be shining lasers at the keeper? #PERvNZL
— Paul Sutherland (@paulninja) November 16, 2017
Тоа им помогна на домашните играчи кои победија со 2:0 (Џеферсон Фарфан од Локомотив Москва и Кристијан Рамос од еквадорски Емелек). За репрезентацијата на Перу ова е петти пласман на Светско во историјата. Играле на првиот шампионат 1930 година а потоа играле на Мундијалите во 1970, 1978 и 1982-ра. Интересно е што досега играле на Светско во шпански говорни подрачја - Уругвај, Мексико, Аргентина и Шпанија. Русија е прв исклучок за Перуанците.
Peru celebrating 👏🏼 soccer isn’t just a sport. I don’t go for them but congrats Peru!
— Kennedy Amoako (@FancyDiMaria) November 16, 2017
pic.twitter.com/CQdprUV9xZ
Incredible team, country, night to be here, Perú #ContigoPeru pic.twitter.com/DOBYTXQMyt
— topar (@topar) November 16, 2017
Lima is 🔥🔥🔥 right now and I wish I was with my fam in Peru! #PERvNZL #ArribaPeru pic.twitter.com/uChOxRwnsu
— Michael Pan (@michaelpan) November 16, 2017
Festejamos por regresar al Mundial. ¡Vamos Perú! 🇵🇪🙌🏼 pic.twitter.com/BIskTn8kxu
— Selección Peruana (@SeleccionPeru) November 16, 2017