Во последното коло Перу ремизираше 1-1 со Колумбија и освоениот бод им беше доволен да го прескокнат Чиле кој загуби 3-0 од Бразил и да се пласираат во баражот.
Последното коло го пратеа многу заврзлами, па така пред мечот во Лима, група шамани правеа ритуал врз дресот на Колумбијците Фалкао и Хамес Родригез, но залудно затоа што вториов им даде гол.
На 15-ина минути пред крајот, најдобриот играч на Перу Гуереро даде гол од индиректен удар (колумбискиот голман Оспина ја пипна топката па голот беше регуларен), а во финишот Фалкао им сугерираше на Перуанците да намалат гас затоа што со бод се во плејоф. Да не запнуваат многу за да не примат гол па да останат со празни раце. Го послушаа и на крајот само си додаваа и чекаа да заврши натпреварот зошто Чиле губеше од Бразил. Во баражот во ноември ќе ги чека Нов Зеланд од кој се реално поквалитетни (Перу беше непоразен на последните шест меча од квалификациите).
Но нашата приказна е за нивните готвачи кој смислиле план како да ги стишаат гостинските навивачи кога Перу играше против Уругвај дома. 11 врвни готвачи спремале неверојатно вкусни јадења и на ајнцери непрестано служеле во гостинскиот сектор на стадионот каде имало стотици Уругвајци.
Гостите уживале во слатката храна до таа мера што заборавиле на поддршката за Суарез, Кавани и другарите, па на крај Перу победи 2-1 и освои важни бодови.