Бараж натпреварите ни се за гледање, ни за типување

Шокантната елиминација на Италија во бараж средбите за пласман на Мундијалот во Русија не е единствената работа за чудење. Погледнете ги резултатите на сите досегашни мечеви.

Тој што се фатил за билтен последниве три дена за да брка пари на баражите, ептен се зезнал, особено ако играл на голови.
 
Не знаеме дали и кога се случило ова претходно, ама човек што прати фудбал не може да не се изначуди. На 8 од досегашните 9 бараж мечеви за пласман на СП 2018 паднаа само 2 гола. Читај со букви два.
 
Едниот вреди злато бидејќи го постигна Шведска и со него ќе патува во Русија, а другиот беше оној контроверниот на Швајцарија која извади виза за Светско со непостоечки пенал.
 
Во последните три дена немаше ќорав гол на ниту една од шесте последните бараж натпревари. Во превод тоа значи 540 минути фудбал без примен гол.
 
Исклучок во оваа непопуларна серија на мечеви, кои човек воошто не треба да му биде криво ако не ги гледал е првата средба на Хрватска која ја декласираше Грција со 4:1.

Ова се досегашните мечеви без Хрватска - Грција која се одигра на 9 ноември:
 
9 ноември
Северна Ирска - Швајцарија 0:1
 
10 ноември
Шведска - Италија 1:0
 
11 ноември
Данска - Република Ирска 0:0
Хондурас - Австралија 0:0
Нов Зеланд - Перу 0:0
 
12 ноември
Швајцарија - Северна Ирска 0:0
Грција - Хрватска 0:0
 
13 ноември
Италија - Шведска 0:0
 
А ова преостанува:
 
14 ноември
Република Ирска - Данска
 
15 ноември
Австралија - Хондурас
 
16 ноември
Перу - Нов Зеланд
14 ноември 2017 - 12:46