Пратеничката Анка Мрак Тариташ која што во минатото била министерка за градежништво и просторно планирање отворила дебата за деталите од нацртот на некој Закон, познат под името Lex Serif.
Таа свесна дека во земјата владее вистинска грозница пред првиот од двата меча од плејофот за Мундијал против Грција му рекла на претседавачот:
„Законот Lex Serif ќе добие термин за време на натпреварот меѓу Хрватска и Грција, јавноста повеќе ќе го следи фудбалот отколку гласањтое за тој спорен закон, ве молам. Терминот не е добар“, се пожалила Мрак Тариташ, но првиот човек на Парламентот, Гордан Јандроковиќ ја смирил:
„Не плашете се почитувана. Не мора да се плашите дека термините ќе се поклопуваат. Бидете мирни, ние ништо нема да сокриеме. Ќе се работи до натпреварот, а остатокот од работата ќе го завршиме утредента“, рекол Јандроковиќ.
Инаку баражот Хрватска - Грција се игра вечерва од 20:45 часот на стадионот „Максимир“ во Загреб а двата селектори немаат посебни кадровски проблеми, иако за гостите нема да игра суспендираниот Костас Манолас од Рома кој има парни жолти картони па ќе игра во реваншот.
И двете селекции посакуваа да се избегнат едни со други пред ждрепката, пред сè поради високиот ризик од евентуални навивачки нереди.