За ривалството меѓу Хрватска и Грција и фашистичките испади на нивните навивачи

Вечерашниот бараж натпревар за СП 2018, по кој една од двете земји ќе мора да се соочи со голем неуспех што нема да отпатува за Русија, една хрватска фудбалска легенда го нарече „Најлошата можна ждрепка“. Но не од спортски причини.

Пред околу една деценија се најдов во воз на релација Загреб - Љубљана. Тоа беше прв пат да патувам низ Балканот и кога го отворив куферот, единственото релативно чисто парче облека ми беше дресот од Олимпијакос.
 
Балканските возови имаа (и некои сè уште имаат) стар стил на вагони со барови каде можете да уживате со цигара и силно турско каде, кое се разбира се нарекува од секој човек без разлика што е по националност. Исто така може да побарате и ракија, локална моќна алкохолна пијачка или како што ја нарече човекот што работеше во барот „српски ред бул“.
 
Додека пушев цигари на долгото патување, тројца млади дечки се собраа околу мене и почнаа да ме пцујат на јазик кој не можев да го разберам. Нивното однесување не остави простор за неразбирање, со оглед на тоа што со прстите покажуваа кон моите гради: Носев навредливо парче облека.

Претпоставуваа дека како навивач на Олимпијакос, автоматски ја поддржувам и Црвена Звезда. Како што сум пишувал и претходно, српските и грчките хулигани стојат добро меѓу себе и се поддржуваат едни со други. Од една страна збратимени се навивачите на Олимпијакос со оние на Црвена Звезда, а од друга оние на ПАОК и Партизан. И покрај тоа што е тешко да се разбере зошто се во сојуз, освен што имаат исти бои, постои документирано насилство во грчките дерби натпревари каде се вклучени Срби.
 
Триото од возот беа навивачи на Динамо Загреб, најтрофејниот хрватски клуб со 18 првенствени титули. Во Југославија освоија 4 титули, а во 1967-ма го освоија Inter-Cities Fairs Cup (Куп на саемски градови), откако го победија Лидс дома со 2:0, а на гости одиграа без голови. Тоа натпреварување беше претходник на Купот на УЕФА, денес позната како Лига Европа.
 
Тие се гордеат со она што го нарекуваат “почетокот на југословенската војна“ за време на немирите не мечот меѓу Динамо и Звезда, одигран на 13 мај 1990-та. Неколку дена откако партиите кои беа за независност, ги освоија повеќепартиските избори во Хрватска, натпреварот требаше да се памети по ништо друго, освен по фудбалот, но тој заврши по 10 минути игра.

3.000 Делии беа предводени од Аркан, човекот кој ја имаше српската доброволна гарда, паравоена единица обвинета заедно со нејзиниот водач за воени злосторства извршени во Хрватска и БиХ за време на југословенските војни.
 
Пред натпреварот имаше улични битки, а Бед Блус Бојс почнаа да фрлаат камења кај гостите кои пееја „Загреб е српски“, „Ќе го убиеме Туѓман“ (новоизбраниот претседател на Хрватска). Полицијата не се потруди многу да го спречи хаосот, а Звонимир Бобан, капитенот на Динамо и подоцна легенда на Милан се воздигна во националистички фолклор со удирање на полицаец кој тепаше навивач на Динамо на терен. Многумина мислат дека ова е првиот удар во серијата војни во кои загинаа 130.000 луѓе. На тој дена имаше 60 жртви, едни застрелани, а други прободени.
 
Вклучувањето на Грците во југословенските војни, за жал, не беше само фантазија во главите на младите претенденти за хулигани. Околу стотина Грци, некои поврзани со Златна зора, се бореа на српската страна во босанската војна, а десетина од нив беа вклучени во геноцитот во Сребреница.
 
Ратко Младич, воениот водач на босанските Срби, кој во моментов е на судење за воени злосторства во Хаг, побара грчко знаме да лета над Сребреница. Беа направени фотографии, имаше интервјуа, но никој не беше осуден во Грција.

За време на мундијалските квалификации домашните навивачи на мечот Грција - БиХ извадија банер со содржина „нож, жица, Сребреница“, фашистички слоган кој го слави геноцидот. Грција исто така беше казнета поради расистичкото однесување на своите навивачите против Словачка, како и за нацистичките поздрави за време на интонирањето на грчката химна на мечот против Романија одигран во 2013-та.
 
Од друга страна, Хрватска беше казнета со парична казна и мораше да игра зад затворени врати откако беше забележана свастика на квалификацискиот меч за ЕП 2016 против Италија. Тој меч го играа без публика и поради расистичкото пеење на претходниот натпревар против Норвешка.
 
Хрватските играчи и навивачи користеа слогани и симболи поврзани со Усташите, фашистичка организација која владееше во независна Хрватска, марионетската држава основана од нацистичка Германија и Италија на Мусолини. Во 2013-та, дефанзивецот роден во Австралија, Јосип Шимуниќ, упати усташки поздрав по бараж мечот против Исланд за СП 2014. Поради тоа го пропушти Мундијалот во Бразил и доби забрана од 10 меча.

Претходно во тие квалификации, Косово и Србија платија парични казни од 80.000 швајцарски франци откако нивните фанови пееа заедно „Убиј ги Србите“. Хрватска исто така беше казнета 80.000 евра по расистичките крици за Марио Балотели на ЕП 2012.
 
Насилство имаше и на натпреварите меѓу Грција и Хрватска. Квалификацискиот меч за ЕП 2012 меѓу овие две земји беше во прекин 6 минути, откако стотина домашни навивачи ги нападнаа Хрватите, а по 10 месеци беа уапсени 11 хрватски навивачи за палење на автоусот на ПАОК кој играше против Динамо во Лига Европа.
 
Во 2015 година Олимпијакос и Динамо Загреб се сретнаа во Пиреја на меч од групната фаза од ЛШ. Грчките навивачи придружени од Делии водеа улични битки во Атина со БББ.

Затоа не изненадува тоа што Давор Шукер, стрелец на 45 гола на 69 настапи за Хрватска, кој ја предводи фудбалската федерација, овој меч го нарече „Најлошата можна ждрепка“. Тој додаде дека во федерацијата им е јасно како стои ситуацијата со нашите навивачи. Прашањето е дали ќе има гостински навивачи на двете средби. Ги паметиме прблемите со фановите на ПАОК во 2010-та.
 
Првиот натпревар се игра на стадионот на Динамо Загреб на 9 ноември, а реваншот на стадионот на Олимпијакос на 12-ти. Хрватска заврши на второто место во групата И со два бода зад Исланд, додека Грција ја победи Босна во борбата за втората позиција во групата Х каде лидер беше Белгија.
 
9 ноември 2017 - 16:04