Капитенот и стопер на Арсенал, Лоран Косиелни доживеа тешка повреда во осмата минута од мечот со Атлетико Мадрид. Се повреди сам откако лошо нагази.
Французинот кој беше планиран за стартен централен дефанзивец во одбраната на „Триколорите“ на Мундијалот, во еден момент падна на теренот и се превиваше од болки. Диего Коста кој беше во негова близина прв му обрна внимание на судијата на тешката повреда на противникот додека Лоран се држеше за Ахиловата тетива.
La reacción de Koscielny no es solo por perderse este partido, al parecer la lesión es grave y estaría fuera de #Rusia2018 pic.twitter.com/HSRmOBGCum
— Emmanuel Rosalez (@journalero) May 3, 2018
Прв до Косиелни дотрча неговиот сонародник и партнер од репрезентацијата Антоан Гризман.
Косиелни не можеше да дојде при себе од болки па лекарската служба со носилка го изнесе од теренот додека доби аплауз од 70.000 гледачи и од фудбалерите на теренот.
После еден час дописникот на Daily Mirror Џон Крос напишал дека на Лоран му дијагностицирале скинати лигаменти во реонот на тетивата поради што Косиелни ќе го пропушту Светското првенство.
Во мај минатата година Лоран раскажал дека тој има хроничен тендинит на обете стопала. Поради тоа Французинот најмалку два пати беше надвор од стројот поради проблеми со Ахиловата петица и со големи болки паузирал два месеци.
„Секое утро имам цели процедури и знам дека тоа ме чека до крајот на кариерата“, изјави Косиелни на крајот од минатата сезона и додаде: „Тоа не е толку сложено но мора да бидам претпазлив. Ако една-две недели не го поминам целиот програм на вежби за стопалата, проблемот се враќа. Знам дека секој ден мора да го правам тоа за да бидам спремен да играм за мојата екипа“.
Во август 2017 Косиелни страшно се повреди на мечот Франција - Холандија но тогаш брзо се врати во строј.