Освен забраната за какви било масовни настани, вклучувајќи и божиќни панаѓури и слично, градоначалникот на сите локали кои работат до доцна навечер им нареди да затворат и тоа почнувајќи од овој петок па се до средината на јануари 2021.
„Новата година се уште е далеку, но без разлика очигледно е дека нема да се одржуваат масовни настани,“ објави градоначалникот.
РБЦ кои први ја објавуваат веста, пишуваат и дека агенциите што се занимаваат со организирање на корпоративни настани веќе изгубиле половина од своите вообичаени клиенти за Нова година.
Москва и понатаму останува епицентар на пандемијата во Русија со над 450.000 заразени од вкупно 1,83 милиони болни во земјата.