Тапанарот на влијателната рок група Cream (Ерик Клептон, Џинџер Бејкер, Џек Брус), со сопругата и ќерката денес повторно живее во Велика Британија, откако со децении живееше во Јужна Африка, на ранч со 38 коњи. Има нова група, Ginger Baker's Jazz Confusion.
На телефон му врти новинарот на магазинот Ролинг Стоун, Патрик Дојл.
Како сте?
Исто како и секогаш.
Сакав да ве прашам за Jazz Confusion и како минаа сврките.
Секоја свирка мина многу добро.
Како ја составивте групата?
Мој пријател ја собра, Едгар, нешто не е добар деновиве. Алек Денворт е најдобриот басист со кој сум свирел. Има одлична смисла за хумор. Уживање е да се свири со него.
Зошто е тој вашиот омилен басист?
Заради начинот на кој свири!
Како се решивте да почнете повторно?
Не знам.
Не памтите како ја добивте идејата?
Не, стварно.
Сега живеете во Лондон?
Да. Во Лондон сум. Ти ми ѕвонеше и знаеш дека си ѕвонел на англиски број.
Знам, само сакав да прашам.
Зошто сакаш да прашаш кога веќе го знаеш одговорот?
Мислев да не имате свирка или вежбате. Како и да е, зошто решивте да се вратите и повторно да живеете во Англија?
Затоа што тука се музичарите.
Уште имате куќа во Јужна Афррика?
Не.
Кога ја продадовте?
Пред неколку години.
Ви недостасува?
Да, ама таков е животот.
Ви го смени ли животот документарецот за вас? ("Пазете се од господинот Бејкер", 90 минути, режија Џеј Булгер, наградуван)
Не.
Има ли добри реакции?
Не знам! Немам ништо со тоа.
Вам ви се допаѓа ли документарецот?
Има добри работи и има работи кои нервираат.
На пример?
На пример некои луѓе кои се интервјуирани. За еден од нив специјално им кажав дека нејќам да го видам во филмот. Една мрза која ме кошташе многу пари.
Ама има луѓе како Ерик Клептон и Чарли Вотс.
Да, тоа беше фино, многу добро.
Како е повторно да се свири на исти места по толку време?
Не знам! Како е...
Возбудливо?
Не знам. Не се возбудувам веќе.
Зошто?
Затоа што така! Никогаш не сум се возбудувал.
Како ви е здравјето?
Не баш.
Сепак чувството е ок?
Не. Проблематично е. На крај на свирка сум исцрпен.
Сепак, фасцинантно е што сè уште имате сила за тоа.
Па и немам (се смее).
Па зошто тогаш свирите?
Затоа што уживам во музиката.
Кои проблеми ги имате со здравјето?
Имам остеоартритис што знае да биде многу болно. И COPD, од цигарите.
Дали уште пушите?
Да (се смее).
Но, добро изгледате и добро свирите.
Тоа што изгледам добро е заслуга на жена ми.
Филмот и некои луѓе дигнаа голема прашина околу вашата финансиска ситуација. Дали тоа е една од причините што се решивте за турнеи?
Една од нив, сигурно. Ти требаат пари за живот, нели? Не сум јас супер богат човек.
И Стоунси почнаа турнеја. Сте ги слушале скоро и што мислите за нивното музицирање денес?
Ме заебаваш, нели?
Не.
Види, Чарли ми е многу добар другар. Кога живеев во САД, Чарли ми дојде дома и ми кажа: "Имам карти за тебе ама знам дека никогаш не би дошол". А и не би дошол. Не би припарил ни на 20 километри од концерт на Стоунси.
Зошто?
Затоа што не се добри музичари, ете зошто. Најдобар им е Чарли и тоа со километри пред другите.
Се согласувам дека е добар. Но луѓе викаат дека кога тие свират заедно, целината е подобра од деловите.
Луѓето можат да викаат што сакаат.
Се согласувате ли барем дека пишуваат добри песни?
Не, стварно не.
Дали сте фан на Who?
Не. Повеќе го знаев татко му на Пит Таузенд отколку што го познавам Пит Таузенд. Работевме заедно. Кит Мун ми беше пријател ама не би рекол дека беше голем тапанар.
Дилан се уште е на турнеја.
Да, а?
Да. Дали сте негов фан?
Не. Не сум ничиј фан.
Која плоча последен пат ве возбудила?
Господ знае. Не знам. Не слушам музика.
Зошто?
Зашто не слушам!
Ама, со тоа се занимавате!
Аха. А кога зборуваш со возач на автобус, мислиш дека тој одмара со возење автобус?
Сакам да знам како некогаш беше и дали сега чувството е исто?
Едно од прашањеата кои најмногу ме нервираат е: Како беше?
Зошто?
Па како, како беше? Свирев бубњеви, човеку!
Ама сте биле со значајни луѓе и сте правеле музика која на многумина ја сакале.
Да, да.
Дали Џек Брус ве има контактирано за уште едно обединување?
Кој?
Џек.
Не, ме нема.
Би се обединиле?
Не.
Зошто?
Затоа што сме готови со тоа.
Ама претходно се обединивте само за 6 концерти.
Беа седум, ама ајде. Вие дечки, секогаш сè погрешно разбирате. Вакви срања што објавувате, па тоа е фасцинантно.
За бенд кој бил заедно само неколку години, направивте огромно влијание и вашата музика уште е инспирација. една од навлијателните групи на сите времиња.
Да, ама тоа беше тоа. Никој тоа веќе нема да го повтори. Само ние можевме да го направиме тоа.
Во 2005-та успеавте да најдете начин да звучите поинаку отколку во тие времиња. Со толку искуство зад себе, опуштени, баш беше кул.
Постари сме, затоа.
Дали следите денешна музика?
Не. (пауза). Некои женски вокали ми се допаѓаат, како Кели Роуленд и Емели Санде.
Некои нови рок групи?
Не. Не ги слушам. Повеќето се ужасни.
Добро, не можат да се рамнат со вас.
Никој никогаш не можел.
Дали сметате дека денеска луѓето не вложуваат доволно време за да бидат големи музичари?
(мрчи) Ох, Господе. Музичари се раѓаат. Не можеш да станеш голем музичар ако не си надарен за тоа.
Ама многу вежбање помага, така?
Не, не помага.
Навистина?
Јас имам вежбано само две години. 58-ма и 59-та. Од тогаш немам вежбано. Мавам по тапаните само кога свирам.
Уау!
Што тоа "Уау"?
Да свирите онака како што свирите, ја мислев дека тоа треба да се одржува.
Што да се одржува?
Способноста така да свирите.
Секогаш сум бил способен така да свирам.
Држите ли тапани дома?
Да, само еден комплет.
Дали со стареењето е потешко да се свири без многу вежбање?
(се смее). Ние свириме музика. Јас свирам бубњеви. Толку.
Но, дали и натаму се обидувате да станете подобар? Да пробате нови работи?
Не. Можеш да свириш што сакаш. Што е поента да свириш тешки работи само заради тоа што се тешки а ги можеш?
Имате ли уште коњи?
Не. Сите ги изгубив.
Како?
Има една изрека, "се дешаваат срања". И, се десија. Добро?