Руски и Англиски хулигани се одраа во Марсеј

Веќе трет ден во Марсеј траат брканици меѓу локалците (навивачи на Марсеј), руски и англиски хулигани. Во пресрет на вечерашниот дуел Англија - Русија, околу 250 навивачи на Локомотив Москва (на видеата во црни маици) во неколку делови од градот се судрија со Англичаните. На полицијата не ѝ преостанува ништо друго освен со солзавец да ги раздвојува завоените страни. Епилог: Повредени, уапсени, депортирани.