Од Дрезден и околните места на овој некогаш главен индустриски центар на Источна Германија, кон Берлин се упатиле стотина автобуси и десетина илјади автомобили. Навивачите на Динамо тргнале и со други транспортни средства, соопшти берлинската полиција која го прогласила мечот за натпревар од висок ризик поради ривалитет меѓу навивачите и поради огромниот број на Дрезденци.
Притоа дошле и навивачи на Динамо од Швајцарија, Австрија и Шведска. Па дури и фан клуб на ДД од Берлин.
Интересно, тие не случајно планирале во огромен број да отидат баш во Берлин: Херта игра на гигантскиот „Олимписки стадион“ и го полни ретко во сезоната, најчесто на топ натпреварите, а на обичните натпревари против просечните тимови од Бундес доаѓаат по 40-45.000 луѓе што и натаму е научна фантастика за многу клубови од Топ5 лиги во Европа.
„Олимпискиот стадион“ во Берлин собира 74.000 гледачи.
МАСОВНОСТА Е РЕЗУЛТАТ НА БУНТОТ ПРОТИВ ФЕДЕРАЦИЈАТА
Ова големо гостување во Берлин било предизвикано и поради војната на 58 навивачи на Динамо Дрезден со Германскиот фудбалскиот сојуз. Тие се обвинети за протести против DFB поради што ги очекува судење.
Во 2017 година 2.000 гостински навивачи на Динамо Дрезден дошле на гостување во Карлсруе и имале кортео низ градот во милитарен стил - со пиротехника и воени маскирни одела. Потоа објасниле дека сакале да привлечат внимание кон излишната комерцијализација на фудбалот и објавиле симболична „војна“ кон DFB.
„Можно е малку претеравме но ја постигнавме целта“, објаснил претставник на навивачите.
После овој перформанс, полицијата влегла во домовите на 28 навивачи и им предала обвиненија за организација на маршот и нарушување на неколку германски закони. Делото подоцна се проширило до 58 лица.
Во октомври 2019 година ги прочитале казните: 35 луѓе биле должни да платат повеќе од 300.000 евра. Навивачите на Динамо Дрезден се едни од најорганизираните и најмоќните во Германија. Тие брзо организирале фонд на солидарност (SoKo) со цел да се соберат средства за уапсените.
„Настрадаа 58 души, но ова влијае на сите“ нас пишувало на еден од банерите на мечот против Борусија Дортмунд. SoKo набрзо собрал повеќе од 40.000 евра, а гостувањето во Берлин било предвидено за тоа. Да се соберат средства за приведените.
Околу 35.000 навивачи на Динамо Дрезден се сметиле на две трибини и грмеле:
DYNAMO! 📣 #BSCSGD #sgd1953 pic.twitter.com/JUVGve8h6n
— SG Dynamo Dresden (@DynamoDresden) October 30, 2019
🎼 Ich liebe dich, Dynamo! 💛 #BSCSGD #DFBPokal #sgd1953 pic.twitter.com/ervBGEOC8U
— SG Dynamo Dresden (@DynamoDresden) October 30, 2019
Utopisch 😍 #BSCSGD #dfbpokal #sgd1953 pic.twitter.com/QczuDAAxxe
— SG Dynamo Dresden (@DynamoDresden) October 30, 2019
Колку што беше лудо на трибините, беше и на теренот. Во регуларните 90 минути резултатот беше 2:2, па 3:3 во продолжение и на крај на пенали со 5:4 победи Херта и отиде во следната рунда.