Нова волшебна кореографија во Франкфурт

Ако за Лига на шампиони може да се каже дека конкуренцијата за најдобри навивачи е голема, истото важи и за Лига Европа каде за сега со сите изданија водат оние од Франкфурт.

Навивачите на Ајнтрахт нè почастија со уште еден јак перформанс во Лига Европа: пред домашните натпревари со Лацио и Аполон, трибините на „Комерцбанк Арена“ изгледаа чудесно, а така беше и синоќа против Марсеј:

Ајнтрахт е најголемо изненадување во Лига Европа досега. Имаат 5 победи на 5 меча, 15 освоени бода со импресивна гол-разлика 15:4. Откако го згромија Лацио со 4-1, синоќа исто толку голови му дадоа и на Марсеј (4-0) и се пласираа во следната рунда.

Фантастичната серија на Ајнтрахт, предводен од тренерот Хутер од Австрија сега изнесува дури 11 победи на 12 меча во сите натпреварувања!