На мечот против Хамбургер во Бундеслигата, преку 50.000 навивачи на Шалке кои се во братски однос со скопските Комити, направија фантастична кореографија на денот на кој пред 20 години го освоија Купот на УЕФА. На крајот соопштија дека целата кореографија чинела 119.991 евра (исклучително од донации на навивачите, без учество на управата на клубот)