
Како и секогаш, традиционално, миланското дерби започна со кореографии на двете трибини зад двата гола.
Тифозите на Интер, номинативно домаќини на синоќешното дерби кое го добија со 1:0, кренаа кореографија на која стоеше голема змија/ламја (biscione) - еден од симболите на грбот на градот Милано, како брка мали ѓаволчиња (еден од основните симболи на фудбалскиот клуб Милан е ѓавол, оттаму прекарот на клубот е Il Diavolo).
Од другата страна, од јужната трибина на „Сан Сиро“ (Curva Sud) каде стојат најзагрижените навивачи на Милан, се појави тифо на кое ѓаволот со раце ја кине змијата (знакот на Интер):