Пред дербито Милан - Лацио (1-0), стоперот на Римјаните, Ачерби изјавил како се подобар тим и доаѓаат во Милано по сигурна победа. На сето тоа, Бакајоко од Милан прво учтиво го разменил дресот со Ачерби пред крајот од мечот, а подоцна иронично го покажувал пред своите навивачи со соиграчот Франк Кеси.