Главната „средба“ се одвивала на плоштадот „Слобода“ во Харков каде Украинците во здружени сили (Шахтјор и навивачи на Металис Харков) прво пуштиле неколку ’скаути’ (’извидници’ да видат каде се Римјаните) а потоа ги нападнале.
Италијанските тифози се сместиле во локалниот Patrick Irish Pub и кога излегле од таму ги чекал судир. Но навивачите на Рома не залудно важат за основоположници на ултрас движењето - спремни со чаши, шишиња и палки возвратиле, па после меѓусебни гаѓања со разни предмети, полицијата ги раздвоила. На крајот Украинците на Интернет се пофалиле со некои ситни трофеи од Романистите.