Сè се случило во Форначи ди Барга, во провинцијата Лука каде овој манифест привлекувал внимание не само на локалните жители туку и на медиумите и социјалните мрежи.
На крајот од некрологот пишувало: „Не цвеќиња, туку голови на Кристијано Роналдо.“
Во кратко време некрологот се прошири по целиот свет а воодушевени биле не само навивачите на Јувентус туку и на други клубови.
Стариот господин Марио го викале „Доро“, а во меѓувреме неколку италијански новинари отишле таму да направат репортажа со семејството на Стефанини. Останува да се види како Јувентус ќе возврати во чест на овој голем навивач на „Старата дама“ и дали на „Алијанц Стадион“ ќе ги покани неговите деца и внуци.