Таг: погреб

„Наскоро ќе има пита со суво грозје“: колачот кој асоцирал на смрт

Раздавањето храна на погреби и задушници е традиција кај повеќе народи во светот, па и кај нас. Но наместо блага пченица, во Пенсилванија во 19 век се раздавала пита поради која на погребите доаѓале и куп непознати, а гладни гости.

Зулу кралот не се погребува, туку - се сади

72-годишниот крал на народот Зулу во Јужна Африка беше погребан оваа недела, во приватна церемонија обвиена во тајност. Но веста не се однесува на ваквиот „селебрити“ протокол туку на еден детал, кој кажува многу и за тој народ и за начинот на кој се сфаќа авторитетот на владетелот.

Веселите гробари од Гана

„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.

Зошто Јозеф Хајдн бил погребан без глава?

Славниот композитор умрел на 31 мај 1809, на 77 години. Моментот не бил погоден за достоен погреб, кој се случил дури десет години подоцна. Кога го отвориле сандакот за да ги преместат моштите, внатре нашле тело со мувлосана перика наместо глава.

Чарлс Дикенс бил погребан со почести спротивно на неговите желби

Ново истражување ја открива шемата, испланирана од најдобриот пријател на Дикенс, викторијанскиот писател да биде погребан во Вестминстер, крај своите славни колеги, и покрај експлицитното противење на писателот.

Симулирани погреби за сè уште живи

Личи на мешавина на уметнички перформанс и психо-терапија. Го нудaт јужнокорејски компании (главно погребни претпријатија), кои се обидуваат да ги подобрат животите на своите клиенти, симулирајќи ја нивната смрт. Барем додека тие не се вратат, ама тогаш за озбилно. 

Последната желба пред смртта на еден стар навивач на Јувентус

77-годишниот Марио Стефанини починал минатиот четврток. Со оглед на тоа што цел живот навивал за Јувентус, на негово барање семејството околу капелата и црквата излепило некролози на кои пишувало кога ќе биде погребот и последната негова желба.

Во Фиренца пред илјадници луѓе погребан Давиде Астори

Базиликата на Светиот Крст во Фиренца утрово била премала да ги прими сите кои дошле за последен пат да се поздрават со капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давиде Астори.

Фудбалскиот свет се прости од малиот борец Бредли

Илјадници луѓе меѓу кои имаше и навивачи на Сандерленд, Њукасл и Евертон се собраа во Кантри Дархам попладнево за да го испратат малиот Бредли Лоуери на вечниот пат.

Убавиот гест на бундеслигашот Дармштад

Џонатан Хајмс кој ја загуби 14-годишната битка со ракот, бил еден од најверните навивачи на бундеслигашот Дармштад клуб кој сега реши да го преименува стадионот по него.

Погреб на навивач во Мексико со бакљи и труби

Кога пеат „И да одам на небо и таму ќе те бодрам“, Јужноамериканците и Мексиканците буквално го мислат тоа. Така по смртта на еден навивач на мексиканскиот клуб Тибуронес Рохос, неговите другари го испратиле со бакљи, песна и труби.

Златен медал од Мундијал како последен поздрав

Легендарниот кабинер на Италија, Пјетро Ломбарди починал на 92 години, а Даниеле Де Роси при последниот поздрав му го оставил во ковчегот златото освоено на Светското првенство 2006. година во Германија.

Друштвото на мртвите, презакопани Руси

Една линија од државотворниот ПР на Владимир Путин е да ги враќа моштите од славните Руси и да ги презакопува во родната грутка. Демек, сите Руси во иста држава, без разлика на нивната моментална здравствена состојба. Во последниот случај загризаа преголема коска, онаа на Рахмањинов.

Како бил погребан Достоевски?

Сеќавање на ќерката на Фјодор Михајлович, за тоа како изгледал неговиот погреб во 1881, кога таа имала 12 години. Тоа е интересно и како документ, но и како опис на целата атмосфера во Русија при крајот на 19. век, кога писателите биле пославни од царевите.

Грчкото дерби заврши со погреб

Фудбалерите на Олимпијакос ја добија 189-та дерби пресметка против големиот ривал Панатинаикос со 1:0, а по завршувањето на мечот навивачите настапија со морбиден ритуал на улиците.

Со која музика би сакале да ве испратат?

На погребите на кои сум била само еднаш имало музика, и тоа онаква траурна, како да не било доволно мачно што и поводот за неа бил таков. Во други култури музиката која е дел од последното испраќање го слави животот и потсеќава на починатиот. На Задушница ве прашуваме - со која музика би сакале да заминете, ако веќе се мора?