Неговото мото било „Борбата трае додека се не е изгубено“, а неговиот пример за храброст и смелост инспирирала многу играчи и навивачи. Хајмс бил чест гостин на стадионот и на разни клупски настани, комуницирал со играчите и собирал средства за добротворните организации во борба против ракот.
Во март 2016. година Џонатан починал. Целиот град ожалостен по него. Навивачите на Аугсбург, кој тој ден играл против Дармштад се придружиле во изразувањето сочуство до младиот навивач на гостите.
На погребот на Џонатан дошле играчите на Дармштад.
Идејата за преименување на стадионот ја предложил татко му а ја поддржале управата на клубот и генералниот спонзор. Компанијата Merck на една година се откажала од правата за името на арената која сега ќе се вика Џонатан Хајнс, во чест на прерано починатиот навивач на Дармштад.
„Тоа е одличен гест: стадионот на тимот кој син ми толку го сакаше и поддржуваше сега ќе го носи неговото име“, изјавил Мартин Хајмс, таткото на Џони.
Смртта на младиот Џонатан го обединила градот во тагата. Промената на името на стадионот и сеќавањето на Џони ќе ни дадат сила за сезонава“, вели капитенот на тимот Ајтач Сулу.
„И покрај болеста, Џонатан на клубот му даваше многу енергија. Тој беше верен сопатник на нашиот пат до успехот“, констатирал претседателот на клубот кој пред неколку сезони играше во третата лига, Рудигер Фрич.
На отворањето на сезоната, Дармштад загуби на гостувањето во Келн со 2:0.