Во 2017 Би-би-си објави видео сторија за група од шест јаки момци од Гана, водени од Бенџамин Аидоо, кој ја започнал целата работа како сосема регуларен погребален сервис. Но за дополнителен хонорар ожалостените можат да нарачаат и цела кореографија, и наместо да ја жалат смртта, да го слават животот.
Три години подоцна, видеа и мемиња од нивните перформанси станаа особено популарни во текот на пандемијата, како предупредување и промовирање свесност за ризиците. Билборди со пораката „Останете дома или играјте со нас“ на „гробарите“ осамнаа на улиците на Бразил, а полицијата во Колумбија ги имитираше нивните изведби носејќи сандаци низ градските маала и извикувајќи пораки. Според многумина ова во одредени земји помогнало повеќе во ширењето свесност за Ковид-19 отколку соопштенија на СЗО. Во Хонг-Конг компанија почнала да изработува и пластични кукли за продажба од групата.
Но видеата се користат и за други цели, како кога во мај 2020 Доналд Трамп сподели едитирано видео од танчарите на неговиот Фејсбук, со монтирано лого на кампањата на Бајден на сандакот. Се прават и верзии со различна монтирана музика, a eве една од нив:
Коментар под видеото на Јутјуб: умрев дур го гледав.