Дефо кој за погребот допатувал од Шпанија каде неговиот нов клуб Бурнемут е на подготовки, носеше дрес од Англија со број 6 колку што имаше години Бредли кој почина по долгата борба со рак.
Мајкта на Бредли Лоуери одржала емотивен говор во капелата каде било изложено телото на Бредли. Таа зборувала за нејзиниот супехерој кој сега е на небото.
Најсаканото дете во англискиот фудбал неколку години се бореше со опасната болест а во негова чест беа организирани многу акции. Тој беше познат навивач на Сандерленд а неговиот идол Џермејн Дефо редовно го држеше во рацете додека излегуваше на теренот пред натпреварите од Премиер лигата.
Ковчегот со малиот Бредли бил донесен во стаклена кола која што ја возеле два бели коњи. На погребот, покрај Дефо кој плачеше на последната прес-конференција во новиот клуб Бурнемут кога го прашаа за состојбата на Бредли, беа уште и Лук Шо, Ли Катермол, поранешниот менаџер на „Црните мачки“ Дејвид Мојс како и суперхероите омилени на Лоуери, Бетмен, Супермен и Спајдермен.