Наполитанците имаат една прекрасна песна во која се зборува за тоа како сонуваат Наполи повторно да стане шампион: „Sarò con te e tu non devi mollare, abbiamo un sogno nel cuore, Napoli torna campione“ (Ќе бидам со тебе, немој да се предаваш, од срце сонуваме, Наполи да стане шампион):
Песната се пее редовно каде и да играат Хамшик и другарите, но во меѓувреме навивачите на Јувентус на истата мелодија смислиле нов текст кој има навредлива и расистичка содржина:
„Sarò con te e tu non devi mollare, abbiamo un sogno nel cuore, Napoli usa il sapone“ (Ќе бидам со тебе, немој да се предаваш, од срце сонуваме Наполи да користи сапун“) - со алузија на несреденоста на Југот на Италија.
Навивачите на Фиорентина со истата навредлива песна на гостувањето во Џенова чии навивачи се збратимени со Наполитанците:
Агентите од Фудбалската федерација забележале дека дури пет пати е пеена оваа навредлива песна а се скандирало и против тренерот на Наполи Карло Анчелоти кого не го сакаа ниту кога го водеше Јувентус. Против него пееле: „un maiale non può allenare“ („свиња не може да тренира“).
Од Италијанската фудбалска федерација соопштија дека истрагата е во тек и дека Јувентус го очекува суспензија и затворање на трибината зад едниот гол каде седат најжестоките навивачи. Во меѓувреме италијанските медиуми пишуваат и дека еден 27-годишен навивач на Наполи бил уапсен поради тоа што фрлил столица кон домашните гледачи и го чека затворска казна од неколку месеци.