Сеирот на навивачите на Рома за поразот на Лацио

Симоне Инѕаги не успеа да ја круниса сезоната со пласман на Лацио во Лига на шампиони. Во само три-четири минути добија црвен картон, примија два гола и Интер после шест години оди во ЛШ. Тоа беше причина тифозите на Рома да играат мајтап.

Во последното коло од Серија А во Рим се сретнаа Лацио и Интер - директни конкуренти за четвртото место кое води во Лига на шампиони. Интер имаше 69 бодови, Лацио 72. За да влезе во ЛШ, тимот на Лучано Спалети мораше да победи.

Резултатот го отвори Лацио со автогол на Перишиќ. На средината од првиот дел Д’Амброзио го израмни резултатот, но во 41’ минута Лацио одново дојде во предност преку Фелипе Андерсон. Во 75’ минута судијата досуди пенал за Интер но по прегледување на ВАР.

Но набрзо Интер доби уште еден пенал. Стефан де Врај кој од следната сезона ќе игра за Интер направи фаул врз Мауро Икарди (мора да се признае дека Холанѓанецот одигра максимално професионално). Токму Икарди го постигна голот од пенал, свој 29’ во првенството колку што има и Чиро Имобиле и двајцата ја делат наградата за најдобар стрелец во Серија А сезонава.

Една минута после пеналот за Интер, Лацио остана со играч помалку откако Лулиќ направи непромислен втор жолт картон а после две минути Матијас Весино со глава даде гол за неверојатен пресврт и пласман на Интер во ЛШ.

Цела вечер следуваа сеирџиски постови на тифозите на Рома.

****

„Трката на Лацио за Лига на шампиони“:

Синоќа додека се играше мечот Лацио - Интер, Рома гостуваше кај Сасуоло и победи со 0-1. Тифозите на Рома извадија банер на кој пишуваше "Oh noooo" и скандираа: „Луѓето сакаа да одат во Лига на шампиони“ ("Popolo volevi andare in Coppa dei Campion"):

„The Chaaaaaampions":

„Јас не можам да влезам“

Романистите ги снимале и бесните Лацијали кои се јавувале на клупското радио да си ги кажат јадовите:

Некој направил лажен профил на Лига Европа со добредојде за Лацио:

Притоа админот на официјалниот Твитер на Рома е познат како голем зафркант па не можел да оддолее на шансата:

Поради блискоста на навивачите на Лацио со оние на Интер, лацијалите пред неколку сезони извадија парола: „Лацијалскиот север ги поздравува другарите интеристи“:

„Ако ништо друго барем Чируцо (Чиро Имобиле) ќе биде прв стрелец... А уствари не...“

Својот сеир поради болниот пораз на Лацио отворено го прикажаа и некои фудбалери на Рома како на пример Хуан Жезус:

„Најди ја разликата“:

21 мај 2018 - 10:26