Навивачите на Легија се надминаа себе си со новата кореографија
Легија Варшава со вкупен резултат 2:3 е елиминирана во 3-то квалификациско коло за ЛШ од Астана (Казахстан). Но никој не зборува за изненадувачкиот резултат, туку за спектакуларната и малку морничава кореографија со која домашните навивачи потсетија на Варшавското востание од 1 август 1944-та, кога фашистичка Германија по наредба на Адолф Хитлер уби 160.000 луѓе.