Таг: кореографија

Колку време се спрема навивачка кореографија?

Една кореографија вклучува разни елементи: балони, барјаци, пиротехника и најчесто најтешкиот дел популарната шеталица. Навивачите најчесто ја цртаат и за тоа им требаат денови и ноќи пред големите натпревари. Притоа треба да мислат и на други работи како пароли, нови знамиња и слично за целата кореографија да биде без грешка.

Незапамтена саботажа од ривалски навивачи во Букурешт

Ај што на теренот изгубија 0:5 од Манчестер Сити, луѓето од Стеауа Букурешт доживеаа дополнителен срам, откако навивачи на Динамо Букурешт камуфлирани во организатори на кореографија го величале својот клуб на стадионот на најголемиот ривал.

Колку чини една кореографија против УЕФА

Навивачите на Црвена звезда сериозно ѝ се намерачија на УЕФА по одлуката на Европската фудбалска куќа да го признае Косовскиот фудбалски сојуз како нова членка која ќе може да игра квалификации за ЕП и СП.

Најморбидната кореографија на фудбал

Играат Портланд Тимберс и Сиетл Саундерс во западната конференција на МЛС Лигата. Тоа е доволен повод навивачите на Портланд да измислат хорор сцена со Фреди Хругер.

Врвната кореографија на Висенте Калдерон

Синоќа, пред почетокот на мечот со Баерн Минхен, навивачите на Атлетико Мадрид открија прекрасна кореографија со која дополнително ги мотивираа своите играчи.

Кореографиите во чест на Кројф

Синоќа за време на Ел Класико во Барселона, домашните навивачи направија спектакуларна кореографија во чест на холандската легенда. Со натпис Gracies Johan (Фала Јохан), Камп Ноу ги пречека фудбалерите на двата тима. Денес, Ајакс играше против Цволе и на Амстердам Арената исто се откри преубава кореографија во чест на големиот Кројф.

Судир на кореографии на мароканското дерби

Дербито на Казабланка во Мароко важи за едно од најжестоките во светот. Последното го одиграа минатиот викенд и заврши 0-0. На теренот немаше голови, но на трибините фрштеше на сите страни.

Предизвик за македонската фаланга

29 илјади навивачи на Динамо Дрезден направија нов рекорд во Европа, откако денес развиорија знаме по целиот стадион во ширина од 450 метри. Нивните миленици им вратија со триумф од 3-2 попладнево против Магдебург.

Кореографија на сезоната

Генерално кореографиите на навивачките групи се базираат на разни цртежи, знамиња и пароли, но навивачите на Бордо на мечот против Сент Етјен демонстираа нешто ново. Направија шаренолика димна завеса, но без да употребат никакви експлозивни направи. 

Во чест на единствениот капитен

Фудбалерот на Динамо Букурешт, Каталин Хилдан почина на сред натпревар од срцев удар на само 24 години. Трагедијата се случи на 5 октомври 2000 година, а навивачите од тогаш не испуштаат меч на кој му скандираат „единствениот капитен“. Синоќа на 14 годишнината од смртта смислија посебна кореографија.

Фудбалот не е важен, туку парите

По вчерашниот триумф над Актобе од Казахстан, фудбалерите на Легија мораа да се задоволат со пласман во Лига Европа. Но навивачите не можат да ја прежалат казната од УЕФА која ги исфрли од квалификациите за ЛШ, поради тоа на реваншот против Селтик влезе фудбалер кој немаше право на настап. Пољаците имаа вкупни 6:1 против Селтик во третото квалификациско коло, но не заиграа во плејофот од најелитното клупско европско натпреварување.