По вчерашниот триумф над Актобе од Казахстан, фудбалерите на Легија мораа да се задоволат со пласман во Лига Европа. Но навивачите не можат да ја прежалат казната од УЕФА која ги исфрли од квалификациите за ЛШ, поради тоа на реваншот против Селтик влезе фудбалер кој немаше право на настап. Пољаците имаа вкупни 6:1 против Селтик во третото квалификациско коло, но не заиграа во плејофот од најелитното клупско европско натпреварување.