Финска им забранува влез на руски уметнички лизгачи и лизгачки за Гран При

Од 20-ти до 22-ри ноември во Хелсинки ќе се одржи големиот настан во уметничко лизгање, Гран При, кој се одржува еднаш годишно во организација на Светската лизгачка федерација. Финците им забрануваат влез на лизгачките и лизгачите од Русија.

Поради војната со Украина, Финска решила да не ги пушти членовите на руската репрезентација, а Меѓународната лизгачка федерација предупредува на „можно последично влијание“ врз уметничкото лизгање.

Финската влада во четвртокот, по повеќедневната дискусија по враќањето на Русија во светскиот хокеј од Меѓународната хокеарска федерација, решила да им забрани на лизгачите влез во земјата за претстојниот Гран При.

„С додека руската воена агресија продолжува, руските спортисти нема што да бараат во Финска. Нивниот влез во земјата би бил закана за меѓународните односи на Финска. Истото важи и за работните визи за краток престој кои не се во согласност со националните интереси на Финска“, напишала лично во соопштение министерката за надворешни работи на Финска Елина Валтонен.

Ова ќе има сериозни последици и за настапот на руските лизгачи и лизгачки на мраз на Светското првенство во уметничко лизгање 2027 закажано за во Финска во март следната година. Од 27-ми ноември во Финска ќе се одржи и лизгачкиот Светски Куп кој ќе има уште една етапа во февруари следната година.

Како што пишува фински Yle, Советот за безбедност на Финска ќе ги утврдува ограничувањата за руските спортисти на пленарни заседавања. Притоа визите нема да бидат отповикани и поништени на оние кои веќе имаат важечки документ. На пример тоа нема да важи за руските хокеари кои ќе дојдат во Финска на натпревари од НХЛ кои се играат во Европа (од 12-ти до 14-ти ноември ќе играат Каролина Хурикејнс против Сиетл Кракен два натпревари).

Руската амбасада во Хелсинки ја нарекла дискриминациска одлуката на финските власти да им ограничат влез на руските спортисти за Гран При турнирот во уметничко лизгање.

„Оваа одлука на владата на Финска од 16-ти ноември да им забрани влез на руските спортисти во земјата е дискриминациски чекор во однос на руските граѓани и противречи на меѓународните норми и принципи за деполитизација на спортот. Малку е веројатно дека ова манифестирање на антируски синдром кој ја зафати локалната политичка елита ќе има какво било познајачно влијание на процесот на враќање на руските спортисти на светска сцена кој веќе стана неповратен“, стои во соопштението на руската амбасада во Хелсинки.

 

13 ноември 2026 - 13:44