Незапамтена саботажа од ривалски навивачи во Букурешт

Ај што на теренот изгубија 0:5 од Манчестер Сити, луѓето од Стеауа Букурешт доживеаа дополнителен срам, откако навивачи на Динамо Букурешт камуфлирани во организатори на кореографија го величале својот клуб на стадионот на најголемиот ривал.

Она што за многу навивачи значи најголема желба за докажување, синоќа го остварија навивачите на Динамо Букурешт.
 
На секое градско дерби на оградите на двете страни висат навивачки трофеи од спротивниот табор (маици, шалови, дресови, блузони). Секој помислил како би било да се појави на трибината на противникот и скришно да им подвали погрешна кореографија. Но за тоа треба луда храброст или досетливост.
 
Досетливост каква што имале навивачите на Динамо Букурешт синоќа за време на мечот од плејофот за Лигата на шампионите меѓу Стеауа и Манчестер Сити (0:5).
 
Официјалните луѓе од Стеауа црвенеа од срам и сигурно е дека газдата Џиџи Бекали ќе дели откази, откако управата договорила извесна група момци кои се прикажале како навивачи на Стеауа да ја наместат кореографијата по повод 30-годишнината од историскиот трофеј на Стеауа во финалето на Европскиот Куп.
 
Општо е познато дека најверните тифози на Стеауа веќе неколку години ги бојкотираат натпреварите на клубот и не сакаат да го видат контроверзниот Џиџи Бекали, поради што трибините на прекрасниот стадион на Стеауа се полупразни.
 
Наместо мозаикот за јубилејот, стадионот остана шокиран кога кореографијата покажуваше “Doar Dinamo Bucuresti” (Само Динамо Букурешт) со црвена позадина и бели букви. Уредно на секоја столица оставиле упатство за кореографијата, кога да се крене, колку време да се држи и кога да се спушти.

Романските медиуми пренесуваат дека саботажата ја организирале група навивачи на Динамо Букурешт кои наводно понудиле професионална помош за организација на кореографијата. Што се однесува до мечот, Серхио Агуеро промаши два пенали, потоа даде три гола и на крајот Сити славеше со 0:5 пред реваншот.

Упатство за кревање на кореографијата

Како првобитно се договориле да изгледа кореографијата

Газда Џиџи Бекали црвенеел од срам