Таг: плејоф за лш

Да видиш каква контра има Ајакс

Четирикратниот европски првак синоќа со 3-0 го прегази Стандард Лиеж и се пласираше во последната рунда, плејофот во Лига на шампиони каде ќе игра против Динамо Киев. Во текот на мечот со Белгијците, Хунтелар и другарите демонстрираа прекрасен фудбал

Стефан Ристовски налета на Олимпијакос, Балотели ќе патува во Италија

Хофенхајм - Ливерпул и Наполи - Ница се најинтересни двојки кои беа извлечени на денешната ждрепка за плејофот во Лига на шампиони. Ријека го доби најтешкиот противник за да стигне до историја.

Кој би можел да му падне на Вардар во плејофот од ЛШ

По синоќешниот триумф од 1:0, Вардар ќе има многу работа на реваншот во Копенхаген за да се избори за сензација, но резултат е поволен, а љубопитноста голема за да видиме што би се случувало понатаму ако на 2 август добиеме уште еден празник за славење.

УЕФА дава, но УЕФА може и ќе земе од Вардар

Во ситуација кога работат дигитроните и се пресметува колку ќе се наполни касата на Вардар по успешниот скок во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, малкумина размислуваат за евентуалните казни поради сериозните пропусти во организацијата на мечот во Струмица.

Малериозниот Салцбург во слепа улица

После поразот од Динамо Загреб (1:2) во продолженијата, австрискиот Салцбург деветти пат по ред испадна од квалификациите за Лига на шампионите. Германецот Крамер влезе четврти пат во ЛШ за 15 месеци.

Навивачите на Селтик спремни да се борат за Палестина

На мечот од плејофот за ЛШ меѓу Селтик и израелскиот Хапоел Бер Шева, домашните навивачи развиорија преку стотина палестински знамиња во знак на поддршка на палестинскиот народ во борбата за своите права. УЕФА спрема тешка парична пазна, но на Шкотланѓаните не им е гајле.

Незапамтена саботажа од ривалски навивачи во Букурешт

Ај што на теренот изгубија 0:5 од Манчестер Сити, луѓето од Стеауа Букурешт доживеаа дополнителен срам, откако навивачи на Динамо Букурешт камуфлирани во организатори на кореографија го величале својот клуб на стадионот на најголемиот ривал.

Рома против Порто за влез во групите од ЛШ

На денешната ждерпка во Нион беа извлечени двојките за плеј-оф натпреварите во Лига на шампиони.

Ибраими ја дувна на Селтик парк од 40 метри

Новиот клуб на Агим Ибраими, Астана од Казахстан не успеа да избори пласман во плејофот од ЛШ и е елиминиран со вкупни 3:2 од Селтик. Синоќа домаќинитe славеа 2:1, но за момент занемеа кога македонскиот репрезентативец го израмни резултатот, нешто слично во стилот на Станковиќ против Шалке.

Како да добиеш шанса, Чичарито?

Манчестер Јунајтед го совлада Клуб Бриж со 0-4 и со вкупни 7-1 се пласираше во Лигата на шампионите. Руни постигна хет-трик, но остана во сенка на катастрофалното издание на Хавиер Ернандез Чичарито кој најпрвин промаши пенал, а потоа и колосална шанса.