Стефан Ристовски налета на Олимпијакос, Балотели ќе патува во Италија

Хофенхајм - Ливерпул и Наполи - Ница се најинтересни двојки кои беа извлечени на денешната ждрепка за плејофот во Лига на шампиони. Ријека го доби најтешкиот противник за да стигне до историја.

Плејоф двојки за Лига на шампиони:

Карабах - Копенхаген
АПОЕЛ - Славија Прага
Олимпијакос - Ријека
Селтик - Астана
Хапоел Бер Шева - Марибор
Башакшешир - Севиља
Јанг Бојс - ЦСКА Москва
Наполи - Ница
Хофенхајм - Ливерпул
Спортинг - Стеауа Букурешт

Екипите беа распоредени во две рути (League Route и Champions Route) со по 10 екипи и според правилата беа поделени на носители и неносители и потоа се влечеа меѓусебно.

Првите средби се играат на 15/16 август, а реваншите се на 22/23 август.

Десетте екипи кои ќе се пласираат понатаму ќе им се приклучат на 22-те директни учесници со кои ќе се формираат осум групи по четири екипи, а поразените одат во групната фаза од Лига Европа.

Ждрепката за фазата по групи е закажана за 24 август (ЛШ) и 25 август (ЛЕ).

4 август 2017 - 12:21