Таг: динамо букурешт

Славен Македонец даде гол во Букурешт уште пред три децении

Вардар vs Динамо Букурешт, 1985-та, 1 коло во Куп на УЕФА. Поминаа нашите со вкупни 2:2 поради гол на гости кој го постигна легендарниот Васил Рингов, кој се проби како шило во среден ред. На тој меч настапија и Панчев, Савевски, Канатларовски, Јаневски, Сетинов...

Деби со еврогол од 60 метри

Шпанецот Борха Вале дебитираше за новиот клуб Динамо Букурешт со гол од преку половина терен. На мечот против Ботошани во романското првенство кој заврши 1-1, некогашниот фудбалер на Депортиво, 25 минути откако влезе во игра, во 71' минута ѝ се претстави на романската публика.

Млад романски голман е хит на колото

Рапид Букурешт игра во втората романска лига. Еден од најпопуларните клубови во оваа земја, во 2016-та година банкротираше и тешко се опоравува.

Тренерот на Динамо Букурешт доживеал срцев напад, па го прекинуваа мечот

Дуелот меѓу Динамо Букурешт и Универзитатеа Крајова во романската лига, на подолго време беше во прекин откако Еуџен Неагое, домашниот тренер се пожалил на помошниците дека не му е добро, па со возило на Брзата помош бил префрлен во болница. Мечот подоцна продолжи, а Динамо изгуби 0-2. Според последни информации Неагое е добар и е надвор од животна опасност.

Навивачите кои викендов се фатија за лопата

Во изминатиов снежен викенд, некои клубови имаа двојна корист од одредени навивачки групи. Освен што се задолжени да ја стоплат атмосферата со песна, беа љубезни и вредни, па помогнаа да се подобрат условите за игра. Ама не сите.

Две години од најјаката зафрканција некогаш во фудбалот

На денешен ден пред две години во плејофот за пласман во Лига на шампиони играа Стеауа Букурешт и Манчестер Сити. Пред почетокот на мечот се случи неверојатно комична сцена.

Колку екипи во Романија се викаат Динамо, Рапид или Стеауа

Ќе бидете добри да ни помогнете кај нас колку клубови се викаат Вардар освен оној од Брвеница, оној од Неготино и шампионот на земјата од Скопје. Ние за тоа време најдовме каква е ситуацијата во Романија.

Приказната за фудбалскиот пат на Адриан Муту

Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.

Незапамтена саботажа од ривалски навивачи во Букурешт

Ај што на теренот изгубија 0:5 од Манчестер Сити, луѓето од Стеауа Букурешт доживеаа дополнителен срам, откако навивачи на Динамо Букурешт камуфлирани во организатори на кореографија го величале својот клуб на стадионот на најголемиот ривал.

Опасното романско дерби на кое тројца можеа да оглуват

Динамо и Стеауа Букурешт во 4. коло од романското фудбалско првенство одиграа 0:0, а тоа се случува прв пат после 16 години. Во меѓусебните дуели води Динамо Букурешт со 45:41 во победи. Судијата и уште двајца играчи имаа блиска средба со петардата.

Во чест на единствениот капитен

Фудбалерот на Динамо Букурешт, Каталин Хилдан почина на сред натпревар од срцев удар на само 24 години. Трагедијата се случи на 5 октомври 2000 година, а навивачите од тогаш не испуштаат меч на кој му скандираат „единствениот капитен“. Синоќа на 14 годишнината од смртта смислија посебна кореографија.

Несреќниот јунак од Романија

Фудбалерите на Васлуи при негатива од 1:0 на гостувањето против Динамо Букурешт во последните мигови од средбата требаше да бранат пенал без голман. Чуварот на мрежата доби црвен картон, а трите дозволени измени веќе ги искористија.