Луѓето од управата, играчите и навивачите на Стеауа црвенеа од срам по „местенката“ од навивачите на најлутиот ривал Динамо Букурешт кои направија саботажа пред мечот со Сити.
Во пресрет на дуелот со екипата на Пеп Гвардиола, газдата на Стеауа, контроверзниот Џиџи Бекали сакал голема кореографија на прекрасниот стадион Arena Nationala - во чест на 30-годишнината од освојувањето на Европскиот Куп на шампиони во 1986-та.
Широк каков што го дале, Џиџи Бекали не штедел пари и побарал да се ангажира фирма која што ќе ја организира целата кореографија. Најверните навивачи на Стеауа веќе долги години го бојкотираат клубот кој после спорот со романската војска го изгуби грбот, името и уште некои клупски децениски наследства.
И за малерот да биде поголем, на управата и се понудила некоја „компанија“ која ќе направи кореото да изгледа пиц-пец, под конец.
И се би било добро таа „компанија“ да не била банда ривалски навивачи кои наместиле кореографија на која пишуваше “Doar Dinamo Bucuresti” (Само Динамо Букурешт).
Massive hit from Dinamo's fans ahead of the derby on their rival's Champions League night.This should make headlines pic.twitter.com/hxkf31h3IJ
— Emanuel Roşu (@Emishor) August 16, 2016
Присутните гледачи на стадионот а и оние крај малите екрани биле шокирани кога виделе што креваат навивачите на централната трибина.
Како капак на се, Манчестер Сити ја прегази Стеауа со 0:5, Серхио Агуеро даде три гола и Романците испаднаа во плејофот за Лига на шампиони.